мини|десно|250п|Црквата „Св. Герман“ мини|десно|250п|Селани и војници на Антантата за време на Првата светска војна, 1918 г. Герман (, Агиос Германос; до 1926 Γέρμαν, Герман)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γέρμαν - Άγιος Γερμανός — преспанско село во Леринскиот Округ, Егејска Македонија (денес Грција). Населението брои 161 жител (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Голема Преспа, близу границата со Р Македонија. Лежи на подножјето на ридовите Елата и Бела Вода, кои се дел од Баба. Низ селото минуваат Стара Река и Горна Река.
Топонимија Подолу погледајте го опширниот список на топонимите во Герман.
Историја Во селото во 1888 г. е пронајдена надгробна плоча на комитопулот Никола, жена му Рипсимија и синот Давид. Таа била поставена таму од цар Самоил во 6501 година од Почетокот на светот, индикт 6 (времето меѓу 1 септември 992 и 31 август 993 година). Гробот на кого што била поставена не е пронајден, но се смета дека се наоѓал во црквата „Св. Герман“. Не е познато кога умреле Никола и жена му. Давид бил убиен во 976 од некои Власи во месноста Убавите Дабови крај Костур. Се претпоставува дека комитата Никола умрел во селото Герман или во околината, каде што и може да управувал. Моментално плочата се наоѓа во Софискиот музеј, најверојатно пренесена во виорот на војните.
За време на ослободителната борба регионот бил меѓу најдобро подготвените и зел активно учество во Илинденското востание. Долнопреспанските жители пред востанието од 1903 година формирале чета од 150 востаници од долнопреспанските села под раководство на војводата Петре Дамовски - Германчето и под идејно водство на Наум Геровски и двајцата од село Герман. Тогаш комитетот, со седиште во село Герман, бил во состав на битолската револуционерна организација. На почетокот на востанието Турците се повлекле од селото, коешто била веднаш зафатено од четите на Никола Кокарев и Јован Кафеџијата. Заедно со четата на Ангел Андреев тие чинеле 300 востаници. Аскерот двапати го напаѓал Герман, на 18 и 21 август, и на двата пати одбиен. Етем-паша со 6.000 луѓе ги зазел сите места и ги нападнал германската и битолската чета кои беа засолнети меѓу Рудари и Герман, во месноста Штрковска Стена. Почнала голема битка во која паднале 45 души од битолската чета и 16 од германската. Во месноста Елата Турците го фатиле Никола Топалов, четник од германската чета, жив го одрале, му ги извадиле очите и така го оставиле да умре. На 28 август, кај месноста Бигла, Турците повторно ги нападнале избеганите од битолската чета. Тука најмногу паднале, а меѓу нив и војводата Јован. На Бигла биле закопани 24 души од битолската чета. По ова битолската и германската чета се растуриле.
По Втората балканска војна селото Герман се нашло во новите граници на Грција.
Во Втората светска војна Македонците од Герман активно учествуваат во борбите за слободна и независна Македонија рамо до рамо со Македонци од Вардарска Македонија. Во текот на Граѓанската војна во Грција посебно се истакнал Герман Дамовски.
Население Во 129 извештај во книгата Егејска Македонија во НОБ, селото на 27 декември 1947 година било означено како чиста македонска населба.
Културни и природни знаменитости
Од особено значење е познатата црква „Св. Герман“, каде лежат моштите на првиот поглавар на Преспанската црква, Герман (Гаврил), како и кралска гробница со останките на Самуиловите родители Никола и Рипсимија, и на неговиот брат Давид. Црквата е со впишан крст, што е е најстар пример на црква од овој стил во Македонија.
Друга постара црква е „Св. Атанасиј“ од 1816 г.
Список на топоними Ова е список на позначајните топоними во Герман и околината:
Родови мини|десно|Стари куќи во Герман Во селото Герман живееле македонски православни родови.
Следува список на родовите: Аџиовци, Арнаутите, Асенчаровци, Боглевци, Буцајковци, Бошевци, Бабинкостеви, Белевци, Врлевци, Власите, Влашки (Терзијата), Вардовци, Велјановци, Гемишовци, Голчевци, Гулевци, Гроздановци, Гаштови, Геровци, Гиневи, Глигуровци, Гогаровци, Дупчиновци, Димовци, Дамовци, Дојчиновци, Дурловци, Дамчевци, Дрдовци, Ѓаковци, Ендумовци, Ивановци (Кајчовци), Јанкуловци, Јанковци, Јаневци, Јовковци, Јосевци, Колачковци, Кузмановци, Кимбиловци, Кекеновци, Капедановци, Колевци (Кајчовци), Кајчовци, Костовци, Кочови, Кипревци, Куфаловци, Карловци, Клашниковци, Киринкови, Ланговци, Лаовци, Лилифановци, Малјановци, Млечниковци, Маџевци, Менчовци, Мечовци, Мечкаровци, Мучкаровци, Младеновци, Никини, Никовци, Нушевци, Нединкините, Нашојчани (Кајчовци), Олковци, Петковци, Перчаклиовци, Пасинците, Поповци, Пајковци, Петкојчини, Паткарови (Бошевци), Пласковци, Пиштолови (Кубурови), Петкашиновци, Пеови, Русевци, Стојчеви, Стојчовци, Секуловци, Сарагиловци, Стамковци, Сиваковци, Стомболџиовци, Селимови, Трпеновци, Торковци, Таневци, Топаловци, Ушлиновци, Црнилазаровци, Чолаковци, Четелевци, Цанкаровци, Чулаковци, Џуклевци, Шапковци, Шокларовци и Штраканголовци.
Личности
Наум Геровски Петар Христов-Германчето Герман Дамовски Богоја Фотев Васил Белев Герман Бабинкостов Герман Боглев Јоше Дамовски Јондрич Иванов Герман Младенов Фоте Мечкаров Вангел Нушев Стојан Пандеов Лазо Русев Методија Торков Вангел Цетелев Стојан Јанков Вангел Бабинкостов
Иселеништво Голем број од населението на ова село се има иселено во Република Македонија. Потомците на иселените Германци во најголем број се наоѓаат во Скопје и Битола.
Меѓу првите забележани иселеници се еден поголем род во Теово, Воденско, потекнат од петмина браќа преселени од Герман на почетокот на XVIII век бегајќи од зулумите на Гегите. Посетувајќи го Теово за време на Првата светска војна, Боривое Милоевиќ го затекнал овој род со 16 семејства, од кои добар дел ги запишал само по имињата на нивните старешини: Гацовци (6 к.), Барабар (1 к.), Тура (1 к.), Бина (1 к.), Вадаз (1 к.), Јорго (1 к.), Лазо (1 к.), Пејовци (2 к.), Ѓорѓи (1 к.) и Божара (1 к.). Слава на родот била Пречиста (Воведение Богородично).
Постари иселеници од турско време, и до периодот на Втората светска војна има во Битолско, Охридско и Ресенско. и тоа во: Бистрица (Николовци, Фотевци и Николовци втори), Долна Бела Црква (Дојчиновци), Љубојно (Германци или Карафиловци, Баковци и Думбовци), Подмочани (Дојчиновци), Оровник (Мартиновци).
Поврзано Герман I Цариградски Свети Герман Општина Преспа Стреланите од Герман
Наводи
Надворешни врски Службен портал на Општина Преспа
Категорија:Герман (Леринско)