мини|десно|250px|Изгрејсонце на Халејакала

Халејакала – вулканска купа која формира повеќе од 75% од хавајскиот остров Мауи во северниот Тихи Океан. Останатиот дел од островот исто така е со вулканско потекло и настанал од работата на вулканот Мауна Кахалава. Највисокиот врв на вулканот лежи на надморска висина од 3.055 метри. Под самиот врв се наоѓа до 800 метра длабока депресија долга повеќе од 11 км, широка околу 3,2 км. Падините стрмо се спуштаат кон дното на депресијата на која се наоѓаат бројни мали секундарни купи.

Името на вулканот Халејакала кое во превод значи „куќа на Сонцето“ доаѓа од локалните племиња кои на тој остров живееле пред доаѓањето на европските истражувачи. Спрема локална легенда на самиот врв на вулканот живеела бабата на полубогот Мауи, која му помогнала на својот внук да го зароби Сонцето и да го принуди да го успори својот пат преку небесниот свод, и на тој начин го продолжила траењето на денот.

Наводи

Надворешни врски

summitpost.org/Haleakalā

Категорија:Вулкани Категорија:Планини на Хаваите Категорија:Вулкани во САД Категорија:Триилјадници