мини|270п|Сооднос на VEI и зафатнината на исфрлениот материјал.

Показател на вулканска избувност, крат. VEI (од ) — релативно мерило на јачината на вулканските избуви (ерупции). Осмислен е од Крис Њухол при Геолошкиот топографски институт на САД и Стивен Селф при Хавајскиот универзитет во 1982 г.

Избувноста се утврдува според три мерки: зафатнина на исфрлениот материјал, висината на избувниот облак и квалитативните (од „благ“ до „мегаколосален“). Скалата има отворена горна граница, при што најголемите вулкани во историјата имаат величина 8. Вредноста 0 ја носат неизбувните изливи (помалку од исфрлена тефра), а со 8 се означени мегаколосалните избуви што исфрлаат () тефра и облак со столб висок 20 км. Скалата е логаритамска, каде секој интервал на скалата претставува десеткратно зголемување на забележениот материјал, with the exception of between VEI-0, VEI-1 и VEI-2.

Класификација Показателите зависат од количината на исфрлен вулкански материјал, висината на исфрлање и траењето на избувот. Скалата е логаритамска од VEI-2 нагоре, при што секој степен е десеткратно посилен од претходниот. Помеѓу 1 и 2 долната граница на количината исфрлен материјал скока стократно од 10.000 на , а сите повисоки степени се десеткратни.

VEI Исфрлено (вкупно) Класа Опис Облак Честота Тропосферноисфрлање Стратосферноисфрлање Примери 0 < 104 м3 хавајски изливен < 100 м постојано занемарливо никакво Килауеја, Питон де ла Фурнез, Еребус 1 > 104 м3 хавајски / стромболски благ секојдневно ситно никакво Њирагонго (2002), Раул (2006), Стромболи (постојано, од римско време до денес) 2 > 106 м3 стромболски / вулкановски избувен 1–5 км двонеделно умерено никакво Унзен (1792), Кумбре Вјеха (1949), Галерас (1993), Синабунг (2010) 3 > 107 м3 вулкановски / пелејски/потплиниски катастрофален 3–15 км 3 месеци значително можно Ласен Пик (1915), Невадо дел Руис (1985), Суфриерски Ридови (1995), Набро (2011) 4 > 0,1 км3 пелејски / плиниски/потплиниски катаклизмичен > 10 км (плиниски или потплиниски) 18 месеци значително утврдено Лаки (1783), Мајон (1814), Пеле (1902), Галунгунг (1982), Ејафјадлајекидл (2010), Калбуко (2015) 5 > 1 км3 пелејски/плиниски пакроксизмичен > 10 км (плиниски) 12 години значително забележливо Везув (79), Фуџи (1707), Таравера (1886), Агунг (1963), St. Helens (1980), Хадсон (1991), Пујеве (2011) 6 > 10 км3 плиниски / ултраплиниски колосален > 20 км 50 - 100 г. значително значително Лахерско Езеро (~ 12.900 г. п.н.е.), Вениаминов (~ 1750 г. п.н.е.), ез. Илопанго (535), Вајнапутина (1600), Кракатау (1883), Санта Марија (1902), Новарупта (1912), Пинатубо (1991) 7 > 100 км3 ултраплиниски суперколосален > 20 км 500 - 1.000 г. значително значително Мазама (~ 5600 г. п.н.е.), Тера (~ 1620 г. п.н.е.), Таупо (180), Пекту (946), Самалас (Ринџани) (1257), Тамбора (1815) 8 > 1000 км3 ултраплиниски мегаколосален > 20 км > 50.000 г. огромно огромно Ла Гарита (26,3 мг), Јелоустоун (630.000 г. п.н.е.), Тоба (74.000 г. п.н.е.), Таупо (25.360 г. п.н.е.)

Утврдени се вкупно 47 избуви со јачина VEI-8, кои се случиле од ордовикот до плеистоценот.Од нив, 42 се случиле во изминатите 36 милиони години. Најмлад од нив е избувот на езерото Таупо во Нов Зеланд пред 25.360 години, што значи дека избув со јачина VEI-8 се нема јавено во холоценот (последниве 10.000 години). Утврдени се барем пет холоценски избуви поголеми од VEI-7. Во тој период се случиле барем 58 плиниски избуви и 13 каледерообразувачки настани со голема, но непозната јачина. Веројатно има многу други избуви кои сè уште не се утврдени.

Кон 2010 г. Глобалната програма за вулканизам на Смитсоновата установа од Вашингтон има класификувано 7.742 избуви во холоценот (последниве 11.700 години) или 75% од познатите избуви во тоа раздобје. Околу 90% од нив се VEI-3 или помал. Околу 49% од истите се VEI-2.

Поврзано Супервулкан Список на вулкани Список на најголеми вулкански избуви Скала на моментна магнитуда

Наводи

Надворешни врски Показател на вулканска избувност (VEI) — USGS Големина и честота на најголемите вулкански избуви на Земјата — Вулканолошки билтен, 2004 г. Список на големи избуви во холоценот (VEI > 4) — Глобален програм за вулканизам

Категорија:Вулканологија Категорија:Скали