безрамка|десно Надзорник (англиски: The Floorwalker) - американски филм од 1916 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото, заедно со Винсент Брајан. Во главните улоги настапуваат: Чарли Чаплин, Една Пурвианс, Ерик Кембел, Лојд Бејкон, Алберт Остин, Том Нелсон и Шарлот Мино.IMDb, The Floorwalker (1916) (пристапено на 16.12.2017)

Содржина Главниот менаџер (го игра Кембел) на една голема продавница добива писмо од сопственикот на продавницата, кој го известува дека е откриен кусок од 80.000 долари, поради што во продавницата ќе дојдат детективи. Менаџерот и надзорникот во продавницата (го глуми Бејкон) ги земаат парите од сефот, но надзорникот го удира менаџерот по главата, ја зема ташната со парите и сака да побегне. Во меѓувреме, во продавницата влегува еден скитник (го игра Чаплин), кој прави неволји, но кога пристигнува детективот (го игра Нелсон), тој бега во канцеларијата на главниот менаџер. Таму, скитникот и надзорникот откриваат дека неверојатно си личат еден на друг. Затоа, надзорникот му предлага на скитникот да си ја сменат облеката. Така, детективот почнува да го брка надзорникот, додека скитникот ја игра улогата на надзорник во продавницата. Меѓутоа, тогаш се освестува менаџерот и почнува да го тепа скитникот, мислејќи дека е надзорникот. Потоа, во продавницата доаѓа и полицијата и сите заедно го бркаат скитникот, но најпосле, детективот го фаќа вистинскиот виновник - главниот менаџер.IMDb, The Floorwalker (1916) (пристапено на 16.12.2017)

Надворешни врски The Floorwalker (1916) - Charlie Chaplin

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1916 година Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Неми филмови Категорија:Филмови на Чарли Чаплин Категорија:Филмови со Чарли Чаплин Категорија:Филмови со Хенри Бергман Категорија:Филмови со Една Пурвианс Категорија:Филмови со Ерик Кембел Категорија:Филмови со Алберт Остин Категорија:Филмови со Лојд Бејкон Категорија:Филмови со Том Нелсон Категорија:Филмски комедии