Кара Синанли — историско село во Тиквешијата, чие земјиште денес е во атарот на Јаношево, Општина Неготино.

Географија Селото се наоѓало на реката Саријар, во северозападното подножје на Конечка Планина (Серта), северозападно од Јаношево.

Историја Во XIX век Кара Синанли било турско село во Штипската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кара Синанли имало 35 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го означува Кара Синанли (kara Sinanli) како турско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Родови Кара Синанли било турско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

Доселеници: Халиламиџалар (3 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци.

Иселеништво Иселеници има во Турција.

Поврзано Саријар Јаношево

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Историски села во Македонија † †