Вишово или Вишево — историско село во Охридско, на границата меѓу Општина Охрид и Општина Дебрца.
Географија Вишово било сместено северозападно од Охрид, во планината на патот за Струга, во атарот на селото Оровник кон оној на Долно Лакочереј, над месноста Кулиште. Денес мештаните местото го нарекуваат Вишо (од Вишево > Вишово > Вишоо > Вишо).
Историја Селото се води во турски документи од крајот на XVI век. Во опширниот дефтер за Охридска нахија од 1582-1583 г. е запишано под името Вишешево (а во второто издание, како Вишово) со 31 христијански семејства и 11 неженети лица.
Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. селото имало 6 домаќинства со вкупно 22 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Вишово (Вишоо) имало 18 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 252.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Габавци (Вичево) е претставено како чисто македонско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 3 куќи.
На почетокот на XX век населението потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Вишево (Vichevo) имало 16 жители, Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 164-165.
Поврзано Кулиште Чобанска Чука
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Историски села во Македонија † †