Габавци — историско село во Охридско, близу градот Охрид.
Географија Селото се наоѓало северозападно од Охрид, на Габавскиот Рид, на патот кон Струга, денес во атарот на Долно Лакочереј. Месноста и денес да се нарекува Габавци.
Историја Во 1974-1975 г. при изградбата на новиот пат Скопје - Кичево - Охрид, крај Габавци се откриени доцноантички и средновековни наоди, како дел од поголемата античка населба Хермелеjа.
Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Габавци (Gabavtzi) имало 6 домаќинства со 23 жители Македонци, а Долно Габавци (Dolno gabavtzi) имало 5 домаќинства и 21 жител, Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 30 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 252.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Габавци е претставен како чисто македонско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 4 куќи.
На почетокот на XX век целото население на Габавци потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 32 Македонци, христијани.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 162-163.
Селото почнало да се напушта по Илинденското востание.
Поврзано Габавски Рид Чекоштина Ајдиница
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Историски села во Македонија † †