Мрамор — историско село во Тиквешко, во областа Раец, во атарот на денешното село Раец, Општина Кавадарци. Селото се наоѓа на границата на Општина Кавадарци со Општина Прилеп.
Денес, од селото е зачуван само Мраморскиот манастир со својата црква.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед на патот до селото
Селото се наоѓало на широкото дно на Сув Дол, на северната огранка на Кобиларник. Чешмите биле над селото и било од разреден тип.
Селото се наоѓало во областа Раец, на десниот брег на истоимената река, западно од истоименото село.
До селото води земјен пат, кој започнува кај Дреновска Клисура со двоење од А3.
Месности во атарот на некогашното село биле Илимица, Страње, Горна Лојза, Голеш, Грипа, Преслап, Прогањите и Мечкина Пештера.
Историја
Најстар пишан податок за Мрамор е дека во 1519 година, селото имало 13 семејства и 3 вдовици. Во 1573 година, селото имало 21 семејство и 18 неженети.
Под селото во минатото се наоѓала железничка станица „Мрамор“.
Стопанство
Селаните се занимавале со земјоделство и сточарство. Со приходите од сточарството ги откупиле куќите и нешто земја, додека на останатите ниви работеле како чифлигари. Бегови кои ја поседувале земјата биле Мефајил-ага од Прилеп и Џевџет Мустафа-бег Ќеримбеговиќ од Кавадарци.
Население
мини|300п|десно|Новите тунели на експресниот пат Градско-Фариш
Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 година, Мрамор (Mramor) се води како село со 41 домаќинства и 185 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 80 - 81.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, Мрамор имал 233 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.
Родови
Мрамор било македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото биле: Староседелци: Анѓелевци-Пемовци (2 к.), Ѓелевци (1 к.), Шоклевци (1 к.), Чепенковци (1 к.) и Ковачовци (3 к.). Доселеници: Димевци (3 к.), доселени се од некое село во Охридско, Лазевци (1 к.), доселени се од селото Дреново и Ѓоровци (1 к.), и тие се од селото Дреново.
Иселеништво
Од крајот на XIX век, многу население избегало во Прилеп.
Самоуправа и политика
Во век, Мрамор било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на главната манастирска и селска црква „Св. Атанасиј“
Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главна манастирска и селска црква.
Манастири Мраморски манастир — манастир во селото, единствен објект што постои.
Редовни настани
Слави Атанасовден (зимен) — селска и црковна слава додека постоело селото
Поврзано Раец (област) Раец (река)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Историски села во Македонија † † †