Јасеново — историско село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Денес, на местото на селото се изградени многу нови куќи, а таму се наоѓа и специјалната болница „Јасеново“.

Географија и местоположба

Селото е сместено во северните падини на планината Бабуна, на 2 километри источно од патот Прилеп-Велес, јужно од селото Владиловци и денес лежи во неговиот атар.

Во некогашниот атар на историското село Јасеново, работи истоимената специјална болница за белодробно заболувања и туберкулоза.

Население

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 година, Јасеново е посочено како село со 6 домаќинства со 25 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 180-181.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јасеново живееле 110 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 158.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јасеново имало 88 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 118-119.

На етничката карта од 1927 година, Леонард Шулце Јена Јасеново го навел како напуштено село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Самоуправа и политика

Во век, Јасеново било село во Велешката Каза на Отоманското Царство.

Личности

Родени во Јасеново Никола Јасеновец — револуционерен деец, починат пред 1918 г.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

† † Категорија:Историски села во Македонија Категорија:Владиловци