Копачка претставува етногеографска област во централниот дел на Западна Македонија, на територијата на Општина Кичево.

Географија и местоположба Копачка се наоѓа во Западна Македонија, расположена јужно од Кичево, поточно помеѓу областите Кичевија на исток и североисток, Железник (Демир Хисар) на југоисток, Дебрца на југ и југозапад, Жупа на запад и Мала Река на северозапад . Целата територија на областа Копачка (освен с. Кнежино) до 2013 година, административно припаѓаше на Општина Другово, со општински центар во селото Другово. Во областа Копачка се наоѓаат 26 населени места, сите во состав на Општина Кичево. Географски се дели на Горна и Долна Копачка. Најголемо населено место е селото Другово (1 492 ж.), кое поради близината со градот Кичево (само 1 км) всушност претставува и единственото живо село, чие население константно се зголемува, а селото полека почнува да личи на градска населба на влезот на Кичево.

Историја Една од најкрвавите битки во Илинденското востание во Кичевско се одиграла на една голема полјана помеѓу селата Карбуница и Кладник во месноста „Ѓурѓејца“. Според хроничарите оваа битка се одиграла на 4 август 1903 година и претставува една од ретко успешните и добиени битки на востаниците во Илинден, кој успех силно одекнал меѓу востаниците, како и во целиот Битолски револуционерен округ. Оваа битка со својата пожртвуваност се втемели во успехот на познатата Крушевска Република од 1903 година. Загинатите борци на Ѓурѓејца ги испишаа светлите страници на Македонскиот непокор.Кичево,110 години Илинден: Битката кај месноста „Ѓурѓејца“ на 4 август 1903 година (http://kicevo.mk)

Демографија Најголем број на жители биле регистрирани во 1953 година, односно 9 030 жители. Оваа бројка во сите наредни пописи постепено се намалува, за во последниот попис во 2002 година, во сите 26 села во Копачка да бидат избројани само 3 097 жители, или само 34,2 % од бројот на население во 1953-та. Толку биле силни миграционите движења во овој регион, а и сè уште траат, што од сите 26 села, дури 20 имаат помалку од 100 жители. За разлика пак, во 1961 година не постоело ниту едно село со помалку од 100 жители.

Следува табеларен приказ на бројот на население во пописните години од 1948 до 2021 година:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk .

населено место190019051917194819531961197119811994200220211. Белица750824800873878702466248115103542. Брждани230640478366347328285239209162853. Видрани7280821321341016745198154. Горна Душегубица5802403983744573361074615495. Горно Добреноец5004884233473472772371207156306. Долна Душегубица.........………8048151137. Долно Добреноец.........20620212092706244238. Другово260/3965376156069441 2911 3981 4921.5459. Ехлоец475560371458478431172742320910. Иванчишта3363203894344383882861575729611. Извор///55951631329352491112. Јаворец160176/1721931391421875113. Јудово250240198254299239196944627614. Кладник4806083524113792731648225201215. Кленоец...160212220216149563722212016. Кнежино28028025621419115748246121517. Козица58559245039339430620613282824518. Лавчани384440423494513449204703610419. Малкоец1202002192582822902191184335920. Манастирско Доленци3203201852342432101881751261094021. Подвис3042802072171981881429099725522. Попоец41040030939739537526712349341023. Пополжани12012813914216616417115212010911524. Прострање5605603625094682951757835311925. Свињиште36032023522824323717212598573826. Србјани304288366526565473496534508495518ВКУПНО:7 8408 1447 2508 4519 0307 3965 7144 2833 3383 0972 697 Белешка: Во пописот од 1900та селата Долна и Горна Душегубица и Кленоец биле сметани за едно село. Долна и Горна Душегубица биле сметани како едно село и во пописите од 1905 и 1917. Селата Горно и Долно Добреноец во пописите од 1900, 1905 и 1917 биле сметани за едно село.

Според пописот од 2002 година, најголем дел од населението, 2 641 (85,2 %) се Македонци православни, додека во две села, Другово и Србјани живее и муслиманско население, од кои 292 (9,4 %) се декларирале како Турци, а 155 (5,0 %) како Албанци. Дел од споменатите муслимани во Копачка припаѓаат на македонскиот етнички елемент.

Наводи

Категорија:Историско-географски области во Македонија