Припор — историско село во источниот дел на областа Азот, Велешко.

Географија Селото се наоѓало на северните падини на планината Бабуна, јужно од с. Крајници, и денес лежи во неговиот атар.

Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Трипор (Tripor) е наведено како село со 4 домаќинства и 16 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 180-181.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на крајот на XIX век Припор имал 15 жители Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, с. 158.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Припор (Pripor) како напуштено село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Поврзано Азот Церовица

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † †