Читаклија — историско село во Штипско, на границата со Општина Неготино.
Географија Селото се наоѓало 15 км југозападно од Штип, во јужното подножје Конечка Планина (Серта), на 5 км југозападно од Хаџи-Сејдели.
Историја Во XIX век Читаклија било турско село во Штипската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Читакли имало 150 жители Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 232.
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го наведува Читакли (Čitakli) како село со нејасен етнички состав.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.
Родови Читаклија било турско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:
Доселеници: Ѓегалардар (4 к.), Коџа-Имерлер (7 к.), Шабанџик (1 к.), Коџа-Фератлар (1 к.) и Кучук-Сулолар (2 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци.
Иселеништво Селото е раселено а највеќе иселеници има во Турција.
Поврзано Конечка Планина
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија † †