Свети Никола — главна селска црква во струшкото село Калишта, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото, на самиот излез кон Калишкиот манастир од десната страна. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Историја

Таа била изградена на темели од постара црква која била разрушена во првата половина на 19 век. Сегашната црква е изградена во 1972 година со големо залагање на калиштанецот Васил Танаскоски.

Во црковниот двор постои археолошко наоѓалиште од типот црква и некропола од средниот век.

Галерија

Поврзано Струшко архијерејско намесништво Трета струшка парохија Калишта

Наводи

Надворешни врски

Калишта