Светска турнеја на UCI 2018 — десетто издание на системот за рангирање започнат од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) во 2009 година, кој вклучувал триесет и седум друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2018.

Натпреварувањето е предвидено да започне со воведната етапа на Тур Даун Андер на 16 јануари и ќе заврши со Трката околу Гуангси на 21 октомври. Белгиецот Грег ван Авермат бил бранител на титулата.

Ван Авермат не можел да ја одбрани својата титутла, откако не успеал да постигне ниту една поединечна победа - меѓутоа бил дел од три победи во екипен хронометар за – завршувајќи на петтото место во бодовниот пласман. Пласманот по првпат бил освоен од британски возач, Сајмон Јејтс, кој вози за екипата , освојувајќи 3.072 бода во сезоната. Јејтс бил последен од четворицата возачи кои го преземале водството во пласманот во текот на сезоната; порано во 2018 година бил високопласиран, забележувајќи етапни победи на Париз-Ница и на Волта а Каталуња, пред пробивот на Џиро д’Италија со три етапни победи и тринаесет дена во водство на трката; на крајот, Јејтс опаднал на планините во текот на третата недела и го предал водството и победата на сонародникот Крис Фрум. По уште една етапна победа и второ место на Трката околу Полска, Јејтс ја освоил својата прва голема трка со победата на Вуелта а Еспања, преземајќи го водството на трката по етапна победа на етапата 14, и водството на пласманот кога трката завршила.

На второто место се нашол Словакот, Петер Саган, 80 бода зад него, кој возел за . Саган го предводел пласманот поголемиот дел од сезоната, забележувајќи шест последователни високи пласмани на пролетните класици, со победи на Гент-Вевелгем, и по првпат, на Париз-Рубе. Саган освоил три етапи на Тур де Франс, откако го освоил по рекорден шести пат бодовниот пласман, но не успеал да освои ниту една етапа на Вуелта а Еспања, каде Јејтс го презел водството. На третото место, со 2.609 бода, бил Алехандро Валверде од Шпанија, кој возел за . Валверде бил во водство во пласманот пролетта, победувајќи на Трката Абу Даби, и на Волта а Каталуња, во февруари и март – освојувајќи три етапи на овие трки исто така – пред две етапни победи и победата во бодовниот пласман на Вуелта а Еспања.

Во екипниот пласман, преовладал со 13.425,97 бода, држејќи го водството во пласманот скоро три четвртини од сезоната. Екипата освоила 37 победи – од вкупно 73 победи на сите трки во UCI – во рамки на Светската турнеја, вклучувајќи седум победи во генерален пласман освоени од Ники Терпстра (Е3 Харелбеке и Трка околу Фландрија), Ив Ламперт (Дварс дор Вландерен), Жилијан Алафилип (Флеш Валон и Класика де Сан Себастијан), Боб Јунгелс (Лиеж-Бастоњ-Лиеж), и Елија Вивијани (Јуроајс Класик). Екипата, исто така, освоила 13 етапни победи на големите трки, со две маички освоени од Вивијани (бодовен пласман на Џиро д’Италија), и од Алафилип, кој го освоил планинскиот пласмна на Тур де Франс. Минатогодишните победници, , завршиле втори со 10.213 бодови, откако екипата освоила две од трите големи трки; Фрум станал седми возач, кој ги освоил трите големи трки со успехот на Џиро д’Италија, додека Герант Томас го освоил Тур де Франс, по успехот на Критериум ди Дофине. освоил уште четири други победи во генерален пласман: Михал Квјатковски ја освоил Тирено-Адријатико, и Трката околу Полска, Еган Бернал ја освоил Трката околу Калифорнија во неговата прва сезона со екипата, додека Џани Москон ја освоил завршната Трка околу Гуангси. Со 9.201 бодови, завршиле на третото место, главно поради резултатите на Саган и победи на Џеј Мекарти (Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“), и Паскал Акерман на Класик Лондон-Сари. Акерман и Сем Бенет исто така освоил единаесет етапни победи во текот на сезоната, а Бенет освоил три етапи на Џиро д’Италија.

Екипи

Екипи кои имаат право на настап на секоја од трките за 2018 година се следниве:

+ Екипи во Светската турнеја 2018 и нивната опрема Код Официјално име Земја Делови Велосипед ALM Шимано Фактор Бајкс 02 AST Шимано Аргон 18 TBM Шимано Мерида BMC Шимано БМЦ BOH TBC Спешалајзд DDD Шимано/Ротор Сервело EFD Шимано / ФСА Канондејл FDJ Шимано Лапјер TKA СРАМ Кањон TLJ Шимано Бјанки LTS Кампањоло Ридли MTS Шимано Скот MOV Кампањоло Кањон QST ШиманоФСА Спешалајзд SKY Шимано Пинарело SUN Шимано Џајант TFS Шимано Трек UAD Кампањоло Колнаго

Настани

+ Трки во Светската турнеја на UCI 2018 Трка Датум Победник Втор Трет Етапни бодови Бодови за Тур Даун Андер 16–21 јануари 500 бода 400 бода 325 бода 60, 25, 10 10 бода Голема океанска друмска трка 28 јануари 300 бода 250 бода 215 бодаcolspan=2 Трка Абу Даби 21–25 февруари 300 бода 250 бода 215 бода 40, 15, 6 6 бода Омлоп Хет Ниусблад 24 февруари 300 бода 250 бода 215 бодаcolspan=2 Страде Бјанке 3 март 300 бода 250 бода 0 бода colspan=2 Париз-Ница 4–11 март 500 бода 400 бода 325 бода 60, 25, 10 10 бода Тирено-Адријатико 7–13 март 500 бода 400 бода 325 бода 60, 25, 10 10 бода Милано-Санремо 17 март 500 бода 400 бода 325 бода colspan=2 Волта а Каталуња 19–25 март 400 бода 320 бода 260 бода 50, 20, 8 8 бода Е3 Харелбеке 23 март 400 бода 320 бода 260 бода colspan=2 Гент-Вевелгем 25 март 500 бода 400 бода 325 бода colspan=2 Дварс дор Вландерен 28 март 300 бода 250 бода 215 бода colspan=2 Трка околу Фландрија 1 април 500 бода 400 бода 325 бода colspan=2 Трка околу Баскија 2–7 април 400 бода 320 бода 260 бода 50, 20, 8 8 бода Париз-Рубе 8 април 500 бода 400 бода 325 бода colspan=2 Амстел Голд Рејс 15 април 500 бода 400 бода 325 бода colspan=2 Флеш Валон 18 април 400 бода 320 бода 260 бода colspan=2 Лиеж-Бастоњ-Лиеж 22 април 500 бода 400 бода 325 бода colspan=2 Тур де Романди 24–29 април 500 бода 400 бода 325 бода60, 25, 1010 бода Трка околу Франкфурт 1 мај 300 бода 250 бода 215 бода colspan=2 Џиро д’Италија 5–27 мај 850 бода 680 бода 575 бода 100, 40, 20, 12, 4 20 бода Трка околу Калифорнија 13–19 мај 300 бода 250 бода 215 бода 40, 15, 6 6 бода Критериум ди Дофине 3–10 јуни 500 бода 400 бода 325 бода 60, 25, 10 10 бода Тур де Свис 9–17 јуни 500 бода 400 бода 325 бода 60, 25, 10 10 бода Тур де Франс 7–29 јули 1000 бода 800 бода 675 бода 120, 50, 25, 15, 5 25 бода Класик Лондон-Сари 29 јули 300 бода 250 бода 215 бода colspan=2 Класика де Сан Себастијан 4 август 400 бода 320 бода 260 бода colspan=2 Трка околу Полска 4–10 август 400 бода 320 бода 260 бода 50, 20, 8 8 бода / БинкБенк Тур 13–19 август 400 бода 320 бода 260 бода 50, 20, 8 8 бода Јуроајс Класик 19 август 400 бода 320 бода 260 бода colspan=2 Вуелта а Еспања 25 август  – 16 септември 850 бода 680 бода 575 бода 100, 40, 20, 12, 4 20 бода Класик Бретања 26 август 400 бода 320 бода 260 бода colspan=2 ГП Квебек 7 септември 500 бода 400 бода 325 бода colspan=2 ГП Монтреал 9 септември 500 бода 400 бода 325 бода colspan=2 Трка околу Турција 9–14 октомври 0 бода 250 бода 215 бода 40, 15, 6 6 бода Џиро ди Ломбардија 13 октомври 500 бода 400 бода 325 бода colspan=2 Трка околу Гуангси 16–21 октомври 300 бода 250 бода 215 бода 40, 15, 6 6 бода

Забелешки

Поредок Поединечен

Возачите изедначени со ист број на бодови се подредуваат по бројот на победи, потоа бројот на втори места, трети места и така натаму, во рамките на трките и етапите од Светската турнеја.

МестоИмеЕкипаБодови13.07222.99232.60942.534,2552.442,1462.39972.393,1982.161,1291.976,68101.975,62111.951121.803131.610141.530151.516161.515,25171.500181.480191.459201.456211.447221.417231.403241.380,12251.368,57

418 возачи забележале бодови. 198 други возачи завршиле на места кои носат бодови, но биле од екипи надвор од Светската турнеја.

Екипен

Екипниот пласман се пресметувал со додавање на бодовите на сите возачи од екипата.

МестоЕкипаБодови113.425,97210.21339.20148.779,9758.660,0367.86977.40987.35197.266,95107.059116.397125.495135.428145.102154.700,01164.373172.757182.017

Забелешки

Напредок во водството

Трка(победник) Поединечен ЕкипенТур Даун Андер(Дарил Импи)Дарил ИмпиГолема океанска друмска трка „Кедел Еванс“(Џеј Мекарти)Омлоп Хет Ниусблад(Михаел Валгрен)Трка Абу Даби(Алехандро Валверде)Страде Бјанке(Тиш Бенот)Париз-Ница(Марк Солер)Тирено-Адријатико(Михал Квјатковски)Милано-Санремо(Винченцо Нибали)Е3 Харелбеке(Ники Терпстра)Волта а Каталуња(Алехандро Валверде)Алехандро ВалвердеГент-Вевелгем(Петер Саган)Дварс дор Вландерен(Ив Ламперт)Трка околу Фландрија(Ники Терпстра)Петер СаганТрка околу Баскија(Примож Роглич)Париз-Рубе(Петер Саган)Амстел Голд Рејс(Михаел Валгрен)Флеш Валон(Жилијан Алафилип)Лиеж-Бастоњ-Лиеж(Боб Јунгелс)Тур де Романди(Примож Роглич)Трка околу Франкфурт(Александер Кристоф)Трка околу Калифорнија(Еган Бернал)Џиро д’Италија(Крис Фрум)Критериум ди Дофине(Герант Томас)Тур де Свис(Ричи Порт)Класик Лондон-Сари(Паскал Акерман)Тур де Франс(Герант Томас)Класика де Сан Себастијан(Жилијан Алафилип)Трка околу Полска(Михал Квјатковски)Јуроајс Класик(Елија Вивијани)БинкБенк Тур(Матеј Мохорич)Класик Бретања(Оливер Насен)ГП Квебек(Мајкл Метјус)ГП Монтреал(Мајкл Метјус)Вуелта а Еспања(Сајмон Јејтс)Сајмон ЈејтсЏиро ди Ломбардија(Тибо Пино)Трка околу Турција(Едуард Прадес)Трка околу Гуангси(Џани Москон)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Светска турнеја на UCI

Категорија:Друмскиот велосипедизам во 2018 година