Тур Даун Андер 2018 — 20. издание на велосипедската етапна трка Тур Даун Андер, која се одржала помеѓу 16 и 21 јануари како прв настан во сезоната на Светската турнеја.

Рута

Рутата на Тур Даун Андер 2018 била објавена на почетокот на јули 2017 и била сместена околу градот Аделаида во Јужна Австралија. Имало шест друмски етапи, без ниеден хронометар. Два дена пред почетокот на трката имало рамна трка (критериум), Пиплс Чојс Класик, која се одржала во паркот Римил и била подобна за спринтерите. Била освоена од светскиот првак Петер Саган () во спринтерска завршница.

Воведната етапа започнала во Порт Аделаида, која била домаќин на трката по првпат од првото издание на Тур Даун Андер во 1999 година. Петтата етапа завршница со две искачувања на Вилунга Хил, која била одлучувачка во претходните изданија на трката. Завршната етапа е уште една критериум етапа околу средиштето на Аделаида.

По втората етапа било објавено дека третата етапа ќе биде скратена поради најавените високи температури. Два од трите круга околу Виктор Харбор биле отстранети од патеката, намалувајќи ја етапата на 120,5 км.

Екипи

Бидејќи Тур Даун Андер е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Екипата на Универзитетот на Јужна Австралија добила специјална покана за учество на трката и со тоа била заокружена главната група од 19 екипи. Секоја екипа можела да настапи со седум возачи, со што на трката ќе имало 133 учесници. Меѓутоа, го повлекла Бјорг Ламбрехт од трката по грешка со процедурите на UCI за антидопинг, додека го изгубиле Кристофер Халворсен по пад во завршните метри на Пиплс Чојс Класик, при што се здобил со скршена рака. Поради тоа, 131 возач ја започнале трката.

Во групата биле седум претходни победници на трката, три од нив – Роан Денис, Сајмон Геранс и Ричи Порт – настапувале за . Други претходни победници во групата биле Луис Леон Санчес (), возачот на , Андре Грајпел, Том-Јелте Слагтер на и возачот на Камерон Мајер.

Етапи Етапа 1

Етапа 2

Етапа 3

Етапа 4

Етапа 5

Етапа 6

Завршен пласман

Поредок

На Тур Даун Андер 2018 се доделувале четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси за првите тројца на средните спринтови и на завршницата на етапите, предводникот ќе ја добие охра маичката. Овој пласман се сметал за најважен на Тур Даун Андер 2018 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.

Дополнително, постоел и спринтерски пласман, кој се наградувал со зелена маичка, промена од црвена боја во 2017 година. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на некое од првите 15 места на некоја етапа. За победа на етапа, возачот заработувал 15 бода, кои се намалуваат за еден бод сè до еден бод за 15. место. Бодови за пласманот исто така можеле да се добијат и на средните спринтови на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нудат бонус секунди за генералниот пласман. Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала точкестата маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања.

Четвртата маичка ја претставува пласманот за млад возач, обележан со белата маичка. Овој пласман се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но само возачите кои се родени на и по 1 јануари 1993 година можеле да учествуваат во пласманот. Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно; водечка екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време. Дополнително, постоела награда за борбеност која се доделувала по етапата на возачот кој од страна на жири се сметал за „најборбен“.

Етапа ПобедникГенерален пласман25пПланински пласман25пСпринтерски пласман25пПласман за млад возачНајборбен возачЕкипен пласман 1 Андре ГрајпелАндре ГрајпелНиколас ДламиниАндре ГрајпелКејлеб Јуан Вил Кларк 2 Кејлеб Јуан Кејлеб Јуан Кејлеб Јуан Хајме Кастрилјо 3 Елија Вивијани Скот Боуден 4 Петер Саган Петер Саган Петер Саган Еган Бернал Зак Демпстер 5 Ричи Порт Дарил Импи Томас де Гент 6 Андре Грајпел Дарил Импи Логан Овен На крајДарил ИмпиНиколас ДламиниПетер СаганЕган Берналнема завршна награда

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Тур Даун Андер Категорија:Светска турнеја на UCI 2018 Категорија:Австралија во 2018 година