Нешто лично (јапонски: 個人的な体験) — роман на јапонскиот писател Кензабуро Ое. Содржина Во својот најважен роман, Ое го разработува односот кон едно ментално хендикепирано дете. Од почетокот до крајот на оваа интимна и потресна приказна, главниот лик Птица се соочува со „агонијата од страдања“. Тој сонува да избега од „кафезот на семејството“ и копнее да замине во Африка чии карти ги носи насекаде со себе.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 9.
Осврт кон романот Во романот, под лупата на нарацијата се ставени токму тегобните расположенија на Птица кој истовремено го чувствува товарот на срамот, стравот, сомнежот, себезалажувањето, себеизмачувањето и себеобвинувањето. Но, наспроти сè, романот не завршува со нихилизам или ескапизам, туку со стоичко соочување со страдањето и со верба во смислата на егзистенцијата.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 9.
Наводи
Категорија:Дела на Кензабуро Ое Категорија:Изданија на Магор Категорија:Јапонски романи Категорија:Книги од 1964 година