220px|right Реинион (, претходно Остров Бурбон) — остров и француска територија (прекуморски регион) во Индискиот Океан источно од Мадагаскар, југозападно од Маврициус, со површина од . Државното знаме на Реинион е француското знаме. Бројот на жители изнесува 865.826 (2018). Реинион е првото место каде што било употребено еврото, бидејќи островот е позициониран 3 часа пред средноевропското време. Шеќерната трска претставува околу ⅔ од вкупниот извоз на Реинион.
Историја мини|10 центи од 1816, Остров Бурбон Не е многу познато за историјата на Реинион пред доаѓањето на Португалците на почетокот на 16 век. Арапските трговци го нарекувале Дина Моргабин. Островот веројатно бил назначен на мапа уште во 1153 од страна на Мухамед ел-Идриси. Островот можно е да бил посетен од страна на свахили или австронезиски (древни индонезиско-малезиски) морнари на нивното патување на запад од Малајскиот архипелаг до Мадагаскар.
Првото европско откритие на областа беше направено околу 1507 од страна на португалскиот истражувач Диогу Фернандес Переира, но спецификите се нејасни. На ненаселениот остров можеби најпрво стигнала експедицијата предводена од Педру ди Машкарењаш, кој го дал своето име на групата острови околу Реинион, Маскарените. Самиот Реинион бил наречен Санта Аполонија, што сугерира дека датумот на португалското откритие веројатно бил на 9 февруари, ден кога се празнува омилената светица. Диогу Лопес де Секеира пристигнал на островите Реинион и Родригес во 1509 г.
До почетокот на 1600-тите, номиналното португалско владеење ја напуштило Санта Аполонија практично недопрена. Островот бил заземен од Франција и управуван од Порт Луј, Маврициус. Иако станал француска територија уште од 1638 година, кога Франсоа Кош и Саломон Губер стигнале на островот во јуни 1638, островот официјално бил побаран од страна на Жак Прони од Франција во 1642, кога тука депортирал десетици француски бунтовници од Мадагаскар. Затворениците се вратиле во Франција по неколку години, а во 1649, островот бил наречен Бурбонски Остров во чест на тогашните француски владетели, Бурбонците. Колонизацијата почнала во 1665, кога Француската источноиндиска компанија ги испратила тука првите доселеници.
Името "Реинион" било дадено на островот во 1793 година, со декрет на Националната Конвенција (избраното револуционерно конститутивно собрание) по падот на Бурбонците во Франција, а името го одбележува сојузот на Марсејските револуционери со Националната гарда во Париз, што се одржал на 10 август 1792 година. Во 1801, островот бил преименуван во "Остров Бонапарт", во чест на првиот конзул Наполеон Бонапарт. За време на Наполеоновите војни островот бил нападнат од ескадрила на Кралската морнарица предводена од комодорот Џозијас Раули во 1810 година, кој го користел старото име „Бурбон“. Кога островот и го вратиле на Франција на Виенскиот конгрес во 1815 година, островот го задржал името "Бурбон" до падот на обновените Бурбонци за време на Француската револуција од 1848 година, кога на островот уште еднаш му било дадено името "Остров Реинион " мини|Статуа на Бертран Франсоа де Лабурдоне во Сен Дени Од 17 до 19 век, француската колонизација, дополнета со увоз на Африканци, Кинези и Индијци како работници, придонела за етничката разновидност на населението. Од 1690 година, повеќето од неевропејци биле робови. Колонијата го укинала ропството на 20 декември 1848 година. Потоа, многу странски работници доаѓале тука да работат. Отворањето на Суецкиот Канал во 1869 година ја намалил важноста на островот како попатна станица на трговскиот кон Источните Инди.
За време на Втората светска војна, Реинион бил под власт на Вишискиот режим до 30 ноември 1942 година, кога слободните француски сили го презеле островот со уништувачот „Леопард“.
Реинион станал департман (Франција) на 19 март 1946 година. INSEE му бил доделен на Реинион (974) и регионален код 04 кога регионалните совети биле создадени во 1982 година во Франција, а прекуокеанските земји станале прекуокеански региони.
Во текот на околу две децении кон крајот на 20 век (1963-1982), 1.630 деца од Реинион биле преместени во руралните области на метрополата Франција, особено во Крез, наводно заради образование и можности за вработување. Таа програма била предводена од влијателниот политичар Галис Мишел Дебре, кој во тоа време бил пратеник за Реинион. Многу од овие деца биле злоупотребувани или обесправени од страна на семејствата со кои биле сместени. Познати како Децата на Крез, тие и нивната судбина излегле на виделина во 2002 година, кога едно од нив, Жан-Жак Мартиал, поднел тужба против француската држава за киднапирање и депортација на малолетник.Géraldine Marcon: CHRONOLOGIE : L'histoire des enfants réunionnais déplacés en métropole on francebleu.fr.
Во 2005 и 2006 година, Реинион бил погоден од епидемија на чикунгуња, болест која се шири од комарци. Според Би-би-си Њуз, на 26 април 2006 година 255.000 луѓе на Реинион се заразиле со болеста. Соседните острови Маврициус и Мадагаскар, исто така, страдале од епидемии на оваа болест во текот на истата година.
Административна поделба Реинион е француски прекуморски регион и административно е поделен на 24 општини групирани во четири окрузи. Исто така е поделен на 49 кантони.
Општини
Антр Де Бра Панон Л'Етан Сале Ла Посесјон Ла Плен де Палмист Ле Пор Лез Авирон Петит Ил Салази Сен Беноа Сен Дени Сен Жозеф Сен Ле Сен Луј Сен Пјер Сен Пол Сен Филип Сент Андре Сент Мари Сент Роз Сент Сизан Силао Ле Тампон Троа Басен
Население мини|Манапани Денешните етнички групи вклучуваат луѓе од Африка, Индија, Европа, Малгаши и Кинези. Сите етнички групи кои го сочинуваат островот се доселенички популации кои пристигнале на Реинион од Европа, Азија и Африка низ вековите. На островот не постојат домородци, како што првично било. Колку луѓе од секоја етничка заедница живеат во Реинион, не е точно познато, бидејќи пописот во Франција не поставува прашања за етничката припадност. Овие популации се мешале уште од најраните денови на колонијалната историја на островот (првите доселеници се женеле со жени од Мадагаскар и со индопортугалското наследство), што резултирало мнозинското население да биде од мешана раса и култура ("креоли"). Според проценките, Белците сочинуваат околу една четвртина од населението Малбарите сочинуваат повеќе од 25% од населението, а луѓето од кинеското потекло имаат околу 3% Процентите за мешани луѓе и оние од афро-малгашко потекло варираат во зависност од проценките. Исто така, некои луѓе од виетнамски потекло живеат на островот, иако тие се многу малку
Тамилците се најголемата група меѓу индиската заедница. Заедницата на муслиманите на островот од северозападна Индија, особено Гуџарат, и на други места, најчесто се нарекуваат зараби.
Креоли (име дадено на оние родени на островот, без оглед на етничките потекло) го сочинуваат мнозинството од населението. Групи кои не се Креоли вклучуваат луѓе неодамна пристигнати од метрополитанска Франција (познати како zoreilles) и оние од Мајот и Коморите.
христијани: 744.600 Муслимани: 35.700 без вера: 17.000 хиндуисти: 38.250 будисти: 1.700 народноверци: 3.400 останати: 9.350
Населението низ историјата ГодинаНаселениеГодинаНаселениеГодинаНаселение1671901830101,3001961349,28216962691848110,3001967416,52517047341849120,9001974476,67517131,1711860200,0001982515,81417172,0001870212,0001990597,823172412,5501887163,8811999706,300176425,0001897173,1922006781,962177735,1001926182,6372011828,581178961,3001946241,7082015850,727182687,1001954274,3702018865,826Официјални податоци од INSEE од попис и проценка; проценките се покажани закосено. мини|Католичка црква Нотр-Дам-де-Неж во Силао
Религија Доминантна религија е христијанството, особено римокатолицизмот, со единствена надлежност на римокатоличката епархија на Сен Дени-де-Ла Реинион. Верската проценка е дека христијаните се 84,9% од населението, по што следуваат Хиндусите (6,7%) и муслиманите (2,2%). Поголеми
те градови, освен цркви имаат хиндуистички храмови и џамии.
Географија мини|222x222px|Реинион од вселената (слика на НАСА): Трите калдери, формирајќи вид на трилистна детелина, се видливи на сликата. Питон де ла Фурнез, на југоисток, е покриен со облак. Островот е долг 63, а широк 45 км и опфаќа . На источниот крај на островот се издига штитестиот вулкан Питон де ла Фурнез на 2,631 м надморска височина и понекогаш се нарекува сестра на хавајските вулкани поради сличноста на климата и вулканската природа. Избувнал повеќе од 100 пати од 1640 година наваму, и е под постојан надзор. Избувнал на 14 јули 2017 година.Piton de la Fournaise on volcanodiscovery.com За време на друга ерупција во април 2007 година, протокот на лава бил проценет на 3.000.000 м3 дневно. (Семр. арх.) Жешката точка која го напојува Питон де ла Фурнез ги создала и островите Маврициус и Родригес.
Вулканот Питон де Неж е највисоката точка на островот и се издига на 3.070 м надморска височина. Тој се наоѓа северозападно од Питон де ла Фурнез. Пропаднатите калдери и кањони се наоѓаат југозападно од планината. Додека Питон де ла Фурнез е еден од најактивните вулкани на Земјата, Питон де Неж е угаснат. Неговото име означува "врв на снеговите" но снежните врнежи на врвот на планината се ретки. Падините на двата вулкани се многу пошумени. Обработливата почва и градовите како главниот град Сен Дени се сконцентрирани на околните крајбрежни низини. Дел од западниот брег се одликува со систем на корални гребени.
Реинион, исто така, има три калдери: Сирк де Салази, Сирк де Цилао и Сирк де Мафат. Последната е достапна само пеш или со хеликоптер.
центар|мини|574x574пкс|Питон де Неж, највисокиот врв (3,070 м) на островот Реинион
Клима мини|259x259px|Мапа на Реинион според Кепеновата класификација на климата. Климата во Реинион е тропска, но температурата е умерена. Времето е свежо и суво од мај до ноември, но топло и врнежливо од ноември до април. Нивоата на врнежи се разликуваат многу во рамките на островот, при што источниот дел е многу повлажен отколку западниот. Повеќе од 6 м3 дожд годишно паѓаат на некои делови на исток и помалку од 1 м3 годишно паѓа на западниот брег. Реинион го држи светскиот рекорд на најмногу врнежи за 12-, 24-, 72- и 96-часовен период.
Плажи Реинион има многу тропски и уникатни плажи. Тие честопати се добро уредени и опремени. Ермитаж — најобемна и најдобро зачувана лагуна на островот Реинион и популарна локација за нуркање. Тоа е бела песочна плажа наредена со дрвја под кои месното население организира пикник. Плажата Бризан — добро познато место за сурфање, со многу спортски активности што се случуваат. Секој ноември тука се организира филмски фестивал . Филмовите се проектираат на голем екран пред толпата. Плажите во Букан Кано се опкружени со голем број ресторани. Етан-Сале на западниот брег е особено уникатна плажа, бидејќи е покриена со црн песок кој се состои од мали фрагменти базалт. Ова се случува кога лавата при контакт со вода, брзо се лади и се распаѓа во песок и фрагментирани остатоци од различна големина. Голем дел од остатоците се доволно мали за да се сметаат за песок. Гран Анс — тропска бела песочна плажа наредена со кокосови палми во јужниот дел на Реинион, со камен базен изграден за пливачи, плитко игралиште и област за пикник.
Биоразновидност Од 2010 година, Реинион е на списокот на Светското наследство на УНЕСКО и опфаќа околу 40% од островот и централната област на Националниот парк Реинион. мини|Подводната лагуна Ермитаж, на Реинион. На сликата се гледаат видовите : Dascyllus aruanus, Ctenochaetus striatus, Chaetodon trifasciatus, Chaetodon trifascialis и Chaetodon melannotus