ляво|мини|250п|Дервентскиот папирус најден кај Ајватово. Овој ракопис претставува најстарото преживеано пишано дело во Европа. мини|десно|Црквата „Св. Атанасиј“ Ајватово (, Лити; до 1926 г. Αειβάτι, АјватиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αειβάτι -- Λητή) — село (или гратче) во Општина Даутбал во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Сместено е во непосредна близина на градот Солун, на само 12 километри северно од неговуот центар.
Селото до денешен ден е населено исклучиво со Македонци.
Местоположба Ајватово се наоѓа во Лагадинско Поле на 10 километри западно од Лагадина крај главниот пат што води од Солун за Сер. Сместено е на падините на ниската планина Балџа на излезот од превојот Дервент, на надморска височина од 150 метри со атар чие пространство зафаќа 19 км². Иако не е големо, Ајватово има статус на полуградска населба. Главното занимање на жителите е земјоделството и основни земјоделски производи се жито и тутун.
За потеклото на името се претпоставува дека има турски корени. Името на ова село е многу слично со името на скопското село Ајватовци.
Историја Ајватово или Ајвати како што многумина од патописците и околното население го викале, било патријаршиско село под големо влијание на грчката пропаганда поради блискоста до главниот центар Солун. Ајватово, Ѓувезна (Асирос), Дремиглава (Дримос), Балџа (Мелисохори) и Лагиново (Лагина) се села со сродна историја кои заедно многу рано потпаднале под грчката пропаганда и нивната „Македонска Борба“ - «μακεδονικού αγώνα». Во селото уште на почетокот на XX век било организирано патријаршиско основно училиште со еден учител задолжен за 207 ученици.ПДФ документ Од ова место потекнува Андон (Антон) Димитров Филахтечев или скратено како што го знаеме Андон Димитров еден од основачите на ВМРО на 23 октомври 1893 година во Солун.Андон Димотров
Од 1913 година после големите борби и меѓусебни преземања и смена на окупаторите за две години неколкупати, паѓа конечно под грчка власт. Името на селото опстојува сè до почетокот на втората деценија од 20 век кога со декретот за измена на топонимијата во Северна Грција на 31.08.1926 година му се смени името во Лити или Лете спрема новиот изговор.Смена на имињата на населбите во Грција Новото име Лити го добива по истоимената античка населба која била центар на областа Мигдонија и постоела уште во времето на Филип II Македонски.
Демографија Селото Ајватово (Лити) не било колонизирано бегалско население Маџири во 1922-1926. До ден денешен претставува чисто македонска населба во овој регион со неколку други. Ајватово е една од најголемите македонски населби во Солунската околина која до денес во етнички поглед нема претрпено никакви промени.
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Атанасиј“ од 1802 г., прогласена за споменик на културата
Личности Андон Димитров — учител, еден од основачите на ТМОРО (ВМРО)
Поврзано Битка кај Ајватово Лагадинско Поле Лете
Наводи
Категорија:Даутбал