Хосе Раул Капабланка и Граупера (, 19 ноември 1888, Хавана - 8 март 1942, Њујорк) — кубански шаховски велемајстор, шаховски автор, дипломат и третиот по ред светски првак во шах.

Капабланка бил еден од најсилните шахисти во светот во периодот од 1910-тите до 1930-тите, победувајќи на многу турнири, а по победата во мечот против Емануел Ласкер во 1921 година станал светски првак. Во периодот на најголема слава се стекнал со прекарот „шаховска машина“, подеднакво добро играјќи ги партиите во фазите на средишницата и завршницата, практично без да направи грешка. Во официјалните партии на врвно ниво, одиграни по 1909 година, Капабланка добил 34 партии, а од 1916 до 1924 година останал непобеден.Edward Winter. Chess Records

Животопис Детство и младост мини|Таткото Хосе Марија со четиригодишниот син, Хосе Раул Капабланка се родил на 19 ноември 1888 година во Хавана, кој во тоа време бил административен центар на шпанската колонија Куба, во семејството на офицерот, Хосе Марија Капабланка, и Марија Граупера. Во својата подоцнежна биографија, Капабланка раскажал дека научил да игра шах на четиригодишна возраст, набљудувајќи ги партиите на татка си против негов колега. Третиот ден, научил како фигурите се движат и во една од партиите забележал дека татко му одиграл потег кој не бил во склад со правилата. Истиот ден ја одиграл првата партија против него и го победил. Овој историски настан, со мали измени, Капабланка го прикажал во статија во весник. Ваквата биографија на Капбланка, Еве и Принс, потсетувајќи се на зборовите на Кубанецот ја нарекле измислена.М. Эйве и Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 11

Веднаш по оваа партија, татко му и неговите другари го однеле во шаховскиот клуб во Хавана. Денес, сочувана е партијата, која петгодишниот Капабланка ја одиграл против мајсторот Иглесијас, која ја добил, започнувајќи ја партијата со предност од дама.Ramon Iglesias vs Jose Raul Capablanca 1893Панов В. Н. Капабланка , стр. 10 По овој подвиг, Капабланка одиграл две партии против познатиот европски мајстор, Жан Таубенгауз, кој бил на турнеја во Куба, започнувајќи ги и двете со дама повќе, но и победувајќи во двете. Подоцна, Таубенгауз, не знаејќи ја партијата на детето против Иглесијас, со гордост споменал:

На осумгодишна возраст, неколку месеци го посетувал шаховскиот клуб само во некои денови, по што семејството се иселило од Хавана. Кога се вратил, било организирано да игра против најсилните шахисти во земјата. Капабланка покажал дека тој е само вториот најдобар шахист во земјата, губејќи ги и двете партии одиграни против најдобриот шахист во Куба во тоа време, Хуан Корзо.

Во ноември и декември 1901, бил одигран меч меѓу Капабланка и Корзо. Забележително е тоа што дотогаш Капабланка не изучувал теорија и не бил запознаен со шаховските учебници. Мечот се играл до четири добиени партии. Корзо ги добил првите две партии, но од останатите, шест завршиле реми, а четири добил Капабланка.David Hooper, Dale A. Brandreth, The Unknown Capablanca, стр. 116 Победата против Корзо, главно се должи на предноста која ја имал Капабланка во завршниците, во кои двапати победил при еднаква позиција на таблата, а неколкупати ремизирал во загубени позиции. Следната година, Капабланка за прв и последен пат играл на првенството на Куба, кое се одржало во Бергеров систем, со по две партии, а Капабланка го зазел само четвртото место во конкуренција на шест шахисти.David Hooper, Dale A. Brandreth. The Unknown Capablanca, стр. 117

Во 1904 година, Капабланка заминал во Њујорк за да посетува приватно училиште и да го научи англискиот јазик, со цел да се запише на универзитетот Колумбија. Таму, станал чест посетител на шаховскиот клуб во Менхетен, каде што секогаш се појавувал во периодот кога живеел во Њујорк, не менувајќи ја навиката до крајот на животот. Во 1906 година, Капабланка се запишал на факултет, каде што изучувал хемиска машиноизградба. Истовремено, играл бејзбол, поради тоа што му се посветил на факултетот, кој бил во рамките на универзитет со силна екипа по бејзбол. Истата година, тој го зазел првото место на брзопотезен турнир, на кој учествувал и светскиот првак, Емануел Ласкер, и продолжил повремено да игра во клубот. По две години го напуштил факултетот за да се посвети на шаховската кариера.

Зимата 1908-1909 година, Капабланка бил на трунеја низ САД, на која играл симултанка. После тоа, бил организиран меч меѓу Капабланка и првакот на САД во шах и еден од најсилните шахисти во светот во тоа време, Френк Маршал. Мечот се играл до осум победи и се одиграл во периодот од април до јуни во повеќе градови во САД.Панов В. Н., Капабланка , стр. 16 Иако Маршал бил фаворитМ. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 14., Капабланка победил убедливо (+8-1=14).

Кандидат за светски првак Првиот настап на Капабланка во Европа требало да биде на силниот турнир во Хамбург во 1910 година, но поради болест, Кубанецот не бил во можност да учествува.М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 19Панов В. Н., Капабланка, стр. 23 Капабланака се опоравил и следната година учествувал на силниот турнир во Сан Себастијан, на кој играле речиси сите силни шахисти во тоа време, освен Ласкер. Пред почетокот на турнирот, Нимцович и Бернштајн поднеле приговор со кој се барало Капабланка да не учествува на турнирот, поради тоа што не ги исполнувал критериумите за учество на истиот, односно барем едно освоено трето место на два мајсторски турнири.Панов В. Н., Капабланка, стр. 24. Но сепак, Капабланка учествувал на турнирот, заземајќи го првото место на завршната табела, освојувајќи половина бод повеќе од Рубинштајн и Видмар, а неговата победа против Бернштајн во првиот круг ја добила наградата за најдобра партија на турнирот. Тоа му овозможило да го предизвика светскиот првак Ласкер на меч за светски првак, а местото на одржување било предложено да биде Хавана. Но, мечот не се одиграл, бидејќи и двете страни поставиле услови кои се покажале како неприфатливи за другата страна,Lasker vs Capablanca 1921, а кога Капабланка еден од поставените услови на Ласкер го оценил како „очигледно неправеден“ (obviously unfair), Ласкер пред јавноста побарал извинување.М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 23. Ова било само почеток на конфликт, кој траел сè до турнирот во Санкт Петербург во 1914 година.

Во 1913 година, Капабланка учествувал на четири турнири, на кои трипати го зазел првото место (еднаш во Њујорк и двапати во Хавана). Во септември истата година, добил дипломатска функција во инистерството за надворешни работи на Куба, како вонреден и ополномоштен амбасадор на Владата на Куба во светот, која му овозможила да се вмеша во дипломатските мисии и патувања на турнирите.Olga Choubaroff Clark На оваа функција останал до крајот на својот живот. Откако бил назначен во кубанскиот конзулат во Санкт Петербург, Капабланка на пат кон Русија, направил турнеја низ европските метрополи, играјќи симултанка и ревијални партии. Меѓу противниците против кои играл биле и Рети, Тартаковер, Алехин, Бернштајн и други силни мајстори. Притоа, во ревијалните партии, Капабланка добил 19, ремизирал во 4 и загубил само една, против АурбахDavid Hooper, Dale A. Brandreth, The Unknown Capablanca. P. 1.Arnold Aurbach vs Jose Raul Capablanca, Paris (1913) За време на неговиот престој во Русија, добил по две партии против Дуз-Хотимирски и Алехин и разменил победи против Зноско-Боровски, а играл во Москва, Киев, Рига, Лиепаја и други места. Пролетта 1914, учествувал на многу силниот меѓународен турнир во Санкт Петербург. Во воведниот турнир, убедливо го зазел првото место, со дури еден и пол бод повеќе од Ласкер и Тараш. На завршниот турнир, кој се одиграл во Бергеров систем, со по две партии, учествувале повеќе силни шахисти. Капабланка загубил против Ласкер и Тараш и на конечната табела го зазел второто место, со половина бод помалку од Ласкер. Третото место го зазел Алехин, кој имал дури 3 бода помалку од Капабланка. Пред враќањето од Европа во Куба, Капабланка го победил Ласкер во меч во брзопотезен шах од 10 парии, одигран во Берлин, со резултат 6½-3½.М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 57

За време на Првата светска војна, Капабланка живеел во Њујорк, каде убедливво победил на три турнири. Во 1915 година, од четиринаест партии на турнирот, одиграл две партии, кои завршиле реми, против второпласираниот Маршал, кој освоил бод помалку од Кубанецот. Во 1916 година, Капабланка учествувал на турнир, кој бил организиран на ист начин како и турнирот во Санкт Петербург во 1914, односно со кумулативни резултати во завршниот турнир за петте најдобри шахисти од воведниот. Капабланка победил убедливо на турнирот, оставајќи ги: Јановски на три бода зад себе, иако загубил против Хајес. Третиот турнир го одиграл во 1918 година, на кој победил со бод и пол пред Костиќ. На турнирот, одиграл одлична партија против Маршал, која вистински ја отсликувала интуицијата на кубанскиот шахист. Маршал одиграл домашно подготвена варијанта, на која работел девет години, но Капабланка навлегол во суштината на позицијата и го надиграл силниот противник. Варијантата, која Маршал ја одиграл во партијата била во Шпанска партија и во негова чест, денес е позната како Маршалов напад, кој сè уште ужива честа примена во велемајсторските партии.

По њујоршкиот турнир, Капабланка бил предизвикан на меч од страна на Бора Костиќ. Дотогаш, Костиќ одиграл четири партии без победник против Капабланка, и тоа две на последниот турнир,Панов В. Н., Капабланка, стр. 50 иако Капабланка во сите партии бил јасен фаворит. Мечот се одиграл во Хавана во март и април 1919 година, а победник бил оној кој прв ќе добиел осум партии. Мечот започнал со пет победи на Капабланка по ред, по што Костиќ признал дека е победен и го предал мечот. Истата година, Капабланка победил на турнирот во Хејстингс, победа која ја посветил на сојузничките сили во Првата светска војна. Од единаесет партии загубил само половина бод, играјќи реми само против второпласнираниот Костиќ.

Освојувањето на титулата светски првак

Капабланка со Ласкер се соочил уште во 1911 година, по победата во Сан Себастијан. Во јануари 1920 година во Хавана, со посредништво на управата на шаховскиот сојуз на Холандија, конечно била потпишана согласност за одржување на меч за светски првак.Edward Winter, How Capablanca Became World Champion, 2004Панов В. Н., Капабланка, стр. 51 Во јуни истата година, Ласкер, не сакајќи да игра во мечот, соопштил дека се откажува од титулата светски првак и истата му ја предава на Капабланка. Според зборовите на Ласкер, Капабланка ја освоил титулата „не со формален меч, туку со своето очигледно мајсторство“. Подоцна, во Хавана се појавила подготвеност да се обезбедат 20.000 американски долари за организирање на мечот, а јавноста настојувала да објасни дека светскиот првак не може да ја добие титулата без игра. Мечот се одиграл во Хавана во 1921 година. Било договорено мечот да се игра во 24 партии, при што Ласкер се откажал да ја поврати титулата, па уште на почетокот на мечот, обете страни како светски првак го сметале Капабланка. Претходно, Ласкер изјавил дека и во случај на победа во мечот, ќе се откаже од титулата во полза на помладите мајстори, кои само меѓу себе треба да го одредат најдобриот.М. Эйве, Л. Принс, Баловень Каиссы, стр. 62 Сепак, јавноста и шаховскиот свет главно не го признавале одрекувањето на Ласкер, така што се смета дека Капабланка станал светски првак, поради тоа што победил во мечот.

Вадим Панов во своето дело „Капабланка“, мечот го опишал со следните зборови: