Димитар Панџаров – Влаот, познат како Митре Влаот, Влашето, Митре Панџари, Митре ПанџаротПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 67 (Кономлади, Костурско, 1873 - Жупанишча, Костурско, 22 февруари 1907) — македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис Тој е роден во 1873 година во Кономлади, Костурско. Во 1901 година влегува во ТМОРО како обичен четник. Во четата се научил да чита и пишува, а потоа станал помошник на војводата Георги Папанчев.

Зел учество на Смилевскиот конгрес, на кој е решено да се крене востание. Во мај 1903 година четата на Митре Влаот се судрила со турски аскер кај селото Руља (денес Котас).

мини|лево|250п|Четата на Митре Влаот (седнат, втор од лево на десно) За време на Илинденското востание учествува во нападот врз османлискиот гарнизон во селото Вишени (денес Висиниа) и во големата битка кај селото Песодер (денес Писодери).

По неуспехот на востанието, тој е еден од ретките раководители на Организацијата кои не ја напуштаат Македонија. Во април 1904 година формирал нова чета, којашто бргу се зголемила. Бил прогласен за главен војвода на Костенаријата, каде што повеќепати се судрувал со грчки андартски чети. мини|Српски извештај од 1907 година, за убиството на војводата Митре Влаот, во борба со турската војска во село Жупаниште, Костурска Каза.

Митре ги сметал за непријатели оние кои се продавале за пари, ставајќи се во служба на грчката кауза. Таквата состојба многу болно ја прифаќал:

Смрт На 22 февруари 1907 година неговата чета е предадена од Христо од село Шестеово (денес Сидирохори), купен од грчкиот владика Германос Каравангелис. Кај селото Жупанишча (денес Анолевки), тешко ранет, Митре Влаот умира. Заедно со целата негова чета е погребан во село Апоскеп (денес Апоскепос).

Во негова чест е испеана песната „Митре Влао, тешко ранет“.Сокол ми лета високо - Збирка народни песни од Егејска Македонија, Скопје: КУД Гоце Делев - Скопје, 1978, стр. 18.

Митре Влао, тешко ранет

Митре Влао, тешко ранет,

му се моли на другари:

„Ој другари, мили братја,

подајте ми дулбијата

да ја врла Вич планина

да распула горе-долу

планините, долините,

и Баскарските Извори;

да се проста со Костурско

и со цела Македонија,

да се проста со Костурско

и со цела Македонија.“

Поврзано

Божидар Митрев Панџаров

Наводи

Надворешни врски

„По дирите на андартите“, „Илюстрация Илинден“, година І, брой 3 „Митре Влао, тешко ранет“ Македонски народни песни Тврдокорни - Димитар Панџаров - Митре Влаот (1873 - 1907) - Документарен филм за Митре Панџаров

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски Власи Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Македонски револуционери Категорија:Луѓе од Кономлади Категорија:Починати во Жупаништа Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Влашки револуционери