Владимир Ангеловски-Дади (22 мај 1946, Скопје — 15 ноември 2012, СкопјеПочина глумецот Владимир Дади Ангеловски, Сител, 16 ноември 2012.) — еден од најголемите македонски глумечки имиња. Многу добро го познаваат како постарите, така и помладите генерации. Роден глумец, но сосема нетипичен глумец. Цел живот во Драмски театар — Скопје, со излети на “осмиот колосек” наречен естрада. За себе велел дека е глумец уште од своето раѓање.
Животопис Владимир Ангеловски - Дади е роден на 22 мај 1946 год. во Скопје како втор син во семејството на Борис и Костадинка Ангеловски. Татко му попот Борис имал свој црковен хор и прв ја направил комплетната црковна богослужба со ноти и на македонски јазик, а мајка му била учителка во основното училиште „Кирил и Методиј“. Неговиот постар брат Коле Ангеловски на македонската јавност и е познат како извонреден режисер и актер со кој В.А.-Дади има соработувано многупати.
Првите почетоци Првите чекори кон својата идна професија Дади ги имал во Радио драмата, додека пак за првпат на сцената стапнал во 1962 година, кога го играл Оливер Твист кај режисерот Димитрие Османли во тогашниот Младинско-детски театар, денес Драмски театар - Скопје. И тука се раѓа неговата голема љубов кон театарот. Како гимназијалец во “Цветан Димов “ одел на голем број натпреварувања низ Југославија што всушност биле и неговите први естрадни почетоци. По гимназијата се подготвувал да оди на Академија во Белград, но тоа не се случило. Имено на Драмскиот театар во тоа време му биле потребни глумци па така Дади бил ангажиран во претставата „Принцот и просјакот“ и истата 1966 година станува и член на драмскиот театар.
Некои позначајни улоги Огромен е бројот на улогите во кои се појавува Дади, почнувајќи од детските серии и драми, па сè до сериозните улоги во некои од најзначајните македонски филмови, драми и серии. Секако дека не постои дете кое ја нема гледано познатата детска трилогија „Чук, чук Стојанче”, „Баш челик” и „Шекспир во приказни” која постигнува огромни успеси и тука и на сцените низ Југославија. Незаборавни се и ликовите Диди и Дади кои ги играат Дади и неговиот брат Коле Ангеловски во тв серијата „Да видам, да видам што да бидам”. Исто така Дади се појавува и во операта на МНТ во оперите „Шеќерна приказна” и „Деспина и мистер Докс”. Во 1967 година игра во психолошкиот филм „Мементо” во режија на Димитрие Османли, а во 1988 игра една од главните улоги во филмот „Викенд на мртовци”.
Понатаму следуваат улогите во филмовите „Солунски патрдии”, во режија на Коле Ангеловски, „Калигула” во режија на Миле Грозданоски, „Рибарски караници”, серијата „Лото, лото” исто така во режија на Коле Ангеловски, во претставите „Мефисто”, и „Дунек” со кои заработува и некои од неговите награди. Тука се и сериите: „Агенција осамени срца”, „Училиште за кловнови”, „Трст виа Скопје“, „Битолски лакрдии” и многу дриги.
Неизбежно е а да не се спомене радио-телевизиската програма “Хихирику” со која што заедно со своите колеги Димче Мешковски, Катерина Крстева, Благоја Чоревски, Гоце Тодоровски и Катерина Коцевска во 2004-тата година го прославија јубилејот од 25 години од нејзиното постоење. Со некои од своите колеги има настапувано и неколкупати во Австралија изведувајки познати македонски драми за тамошните Македонци. Значајни се секако и улогите на Дади во голем број од Македонските народни приказни, а интересен е и фактот дека тој е единствениот глумец кој 9 години по ред настапува на манифестацијата Глумците пеат, колку што и постои самата манифестација.
Филмографија Год.ФилмУлогаКанал1960-ти▲1967Мементо ТВ-филм 1967Да видам, да видам што да бидам ТВ-серијаДадиТВ Скопје1969Волшебниот воз ТВ-серија 1969 Републиката во пламен ТВ-филм1970-ти▲1970Детективи ТВ-серија 1971Македонскиот дел од пеколот ТВ-филмМРТ 11973 Илустриран ТВ Речник ТВ-серија Димо 1975 Сребрено јаболко ТВ-филм1977Итар Пејо ТВ-серијаИтар ПејоТВ Скопје1978Шеќерна приказна ТВ-филм 1979Наши години ТВ-серија ТВ Скопје1979Хихирику Радио-емисија 1980-ти▲ 1980 Учителот ТВ-филм 1982 Црвено, жолто, зелено ТВ-серија 1984Хихирику - 5 години (1984)1984Камчевци ТВ-серија МРТ 11985На наш начин ТВ-филмТВ Скопје1985Ајде да се дружиме ТВ-серијаМРТ 11986Солунски патрдии ТВ-серијаЦветанМРТ 11986-1988Македонски народни приказни ТВ-серијаМРТ 11987Трст виа Скопје ТВ-серијаПопотМРТ 11987Театарче лево ќоше ТВ-филм1987Училиште за кловнови ТВ-серијаДадиМРТ 11987Претежно ведро ТВ-серија1988Чук, чук Стојанче ТВ-серијаМРТ 51988Викенд на мртовци ТВ-серијаКлиме ГлупчевМРТ 11989Цвеќе на карпата ТВ-филм 1989-1993Еурека ТВ-серија МРТ 11990-ти▲1990Македонски народни приказни ТВ-серија 1990Алф од Ново Лисиче ТВ-филм Дедото МРТ 11990Викенд на мртовци ТВ-филм 1991Македонија може ТВ-филмВладимир МРТ 1 1991 Во кафулето кај Гане ТВ-филм Ангеле 1992 Тврдокорни ТВ-серија МРТ 1 1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија Гази МРТ 51992-1995Македонски народни приказни ТВ-серијаМРТ 1 1994 Прекалени ТВ-серија 1995Во светот на бајките ТВ-серија МРТ 11997Калигула ТВ-филм1996-1999Македонски народни приказни ТВ-серијаМРТ 11999Време живот ТВ-филм 1999Хихирику - 20 години1999Каца ТВ-филмПолицаец 1 КТВ2000-ти▲2000Мајка Тереза ТВ-филм Алфа2000-2001Светот има осум страни ТВ-серија / МРТ 12000-2001Во светот на бајките ТВ-серија МРТ 52000-2003Македонски народни приказни ТВ-серијаМРТ 12001Агенција осамени срца ТВ-серија Злате Динго2003Битолски лакрдии ТВ-серијаМРТ 12003Лото, лото ТВ-серијаСител ТВ 2004 Неверство во зимска ноќ ТВ-филм Сител ТВ2004Хихирику2004Сакам да бидам кошаркар ТВ-филм Судијата 2006Пусто турско ТВ-филм ДимчеМРТ 1 2008 Кукен совет ТВ-серија 2009Ветар низ тополите ТВ-серијаСител ТВ2009Седумка, љубов или смрт ТВ-филм Кумот 2009Балкан бенд ТВ-серијаДада Сител ТВ2010-ти▲2012Македонски приказни ТВ-серија Канал 52012Скопје ремикс ТВ-филм Човек од спот
„Викенд на мртовци“ Филмот е снимен во 1988 година, во стандард техника, со звук, во боја, 35 мм и е во времетраење од 94 минути. Филмот разработува една апсурдна ситуација кога поради невнимание во една болница се заменуваат умрените пациенти, па така две семејства добиваат туѓи мртовции кои треба да ги погребаат, па доаѓа до сплет на настаните. Филмот е во режија на Никола Коле Ангеловски, сценариото е на Миле Попоски а во главните улоги покрај Владимир Ангеловски се јавуваат и Ѓорѓи Јолевски, Димче Мешковски, Гоце Тодоровски и Благоја Чоревски.
Филмот е награден на филмскиот фестивал „Голубац“ во 1988 година, и тоа прва награда „Златна рипка“ за режија и трета награда од публиката.
„Солунски патрдии“ Оваа тв серија е снимена во 1985 година, во три епизоди со времетраење од по 55 минути. Жанрот е комедија, а режисер е братот на Дади - Коле Ангеловски. Покрај Дади ,кој се јавува во улогата на Цветан, во другите улоги се јавуваат и Благоја Спиркоски - Џумерко, Трајче Иваноски, Гоце Тодоровски, Димче Мешковски, Ванчо Петрушевски, Снежана Стамеска, Салаетин Билал, Стево Спасовски, Тодорка Кондова, Јовица Михајловски, Марин Бабиќ, Мите Грозданов и други.
„Лото, лото” Оваа комична тв серија е едно од поновите телевизиски остварувања. Снимена е 2003 година во режија на Никола Ангеловски. Серијата се состои од 5 епизоди со времетраење од 40 минути. Главните улоги ги толкуваат Владимир Ангеловски, Благоја Спиркоски Џумерко, Бранко Бенинов, Владимир Талески, Андон Јовановски и др.
„Калигула” Овиј филм е снимен 1997 година во режија на Миле Грозданоски, а во главните улоги се јавуваат Димче Мешковски, Владимир Ангеловски, Димитар Зози, Ѕвезда Ангеловска и Ѓорѓи Јолевски.
Награди Владимир Ангеловски-Дади е наградуван уште од самите почетоци на својата кариера уште како дете бил трикратен првак на Југославија во детска радио драма. Некои од позначајните награди: 13-та Ноемвриска, Климент Охридски и на фестивалот Ристо Шишков, ги добива во последните 2-3 години.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Глумци од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Добитници на наградата „Ристо Шишков“