Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија — кована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија, дел од серијата за ковани пари „Хороскопски знаци“. Нејзината номинална вредност е 100 денари, а цената 3.800 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена во 2014 година.
Опис Лице На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани слики на Света Вера (со крст), Света Надеж (со сидро) и Света Љубов (со деца) во златна боја. Под трите светици е прикажана слика на црквата „Св. Трофим“ (Есшо, Алзас, Франција), каде што се чуваат моштите на Света Софија. Во горниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република Македонија и натписите „100 денари“ и „2017“. Во долниот дел од монетата е прикажан натписот „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и ознаката („Аg 925“) и тежината на монетата („31.1g“).
Опачина На опачината на монетата е претставена дигитално-печатена слика на трите светици - Света Вера, Света Надеж и Света Љубов, претставени како млади девојки. Зад трите светици е прикажана слика од нивната мајка Света Софија (прикажана во релјеф). Имињата на сите светици се исковани на руски јазик, а по должината на работ на монетата е претставен украс.
Поврзано Света Софија
Наводи
Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ