Богородица — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2017 година како дел од збирката „Триптих“.
Опис Лице На лицето, во средишниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република Македонија и натписите: „10 денари“ и „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и годината на издавање „2017 година“. Околу грбот е прикажан украс по должината на периметарот.
Опачина На опачината, во средишниот дел од монетата е прикажан портретот на Богородица. Средишната слика е претставена врз основа со украс. Над портретот е прикажано името на Богородица како што традиционално се користи во иконописот.
Поврзано Богородица Марија
Наводи
Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ