Водолија — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.

Опис Лице На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Водолија. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

Опачина На опачината, во горниот дел од монетата е претставена слика на ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век, со слика на соѕвездието Водолија на вметнато кобалтно стакленце, и симболот на хороскопскиот знак Водолија во горниот дел од монетата. Во долниот дел е претставена слика на девојка со стомна којашто ја претставува Водолијата, со цветен венец на главата, на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – AQUARIUS, а на левата страна е прикажана ознаката „Ag925“.

Поврзано Водолија (соѕвездие) Водолија (хороскопски знак)

Наводи

Категорија:Ковани пари за колекционерски цели на НБРМ