Хуан де ла Коса (околу 1450 – 28 февруари 1510) бил шпански истражувач и картограф, познат по тоа што ја создал прваа европска карта на двете Америки, откриени во 15 век. Тој бил клучна личност во првото и второто патување на Колумбо, бидејќи бил сопственик и капетан на бродот Санта Марија.

Во 1499 година, бил член на експедицијата на Алонсо де Охеда на Јужна Америка. Откако се вратил во Андалусија, ја исцртал познатата mappa mundi („светска карта“), а потоа со Родриго де Бастидас продолжил да истражува. Во 1509 година, ја започнал својата последна експедиција, повторно со Охеда, кон брегот што денес е Колумбија.

Умрел во вооружен конфликт со домородните луѓе.

Животопис

Никој не знае кога точно и каде е роден Хуан де ла Коса, но прифатена е хипотезата дека е роден во Сантоња, Калабрија,Cánovas del Castillo y Vallejo, p.11 бидејќи таму постојат документи според кои тој, неговата сопруга и неговата ќерка живееле во тој град.

Датумот на неговото раѓање е исто така непознат, но се смета дека е роден меѓу 1450 и 1460 година, а не е позната никаква информација во врска со неговото детство. Се претпоставува дека како млад пловел околу Бискајскиот Залив како и околу Канарските Острови и Западна Африка.

Првата сигурна информација поврзана со него потекнува од 1488 година, кога Хуан де ла Коса бил во Португалија. Во тоа време, истражувачот Бартоломео Диас пристигнал во Лисабон, откако стигнал до ’Ртот на Добрата Надеж. Се претспоставува дека Католичките кралеви го испратиле Хуан де ла Коса како шпион во тој град за да ги дознае информациите и деталите на тоа откритие. Успеал да се врати пред да биде заробен.

На почетокот на 1490ти години, Хуан де ла Коса живеел во Пуерто де Санта Марија и поседувал брод нареќен Маригаленте или Галицијан.

Наводи

Библиографија

Sánchez, Antonio (2013). La espada, la cruz y el Padrón: Soberanía, fe y representación en el mundo ibérico bajo la Monarquía Hispánica, 1503-1598

Надворешни врски

Категорија:Истражувачи Категорија:Шпански картографи Категорија:Починати во 1510 година Категорија:Шпански конквистадори