ВЛЕЗA   B ИЗЛЕЗ A НИ B0 0 10 1 11 0 11 1 0

НИ врата, НИ коло или НИ капија () - дигитална логичка врата чиј излез ја следи таблицата на вистинитост прикажана на десната страна. На излезот се појавува логичка нула „0“ само ако двата влеза се во состојба на логичка единица „1“.

НИ вратите се универзални (заедно со НИЛИ вратите) бидејќи сите функции на Буловата алгебра можат да се извршат со НИ врати. На пример, логичката И функција се постигнува со спојување други НИ врати на кои кратко им се споени влезовите (па работат како НЕ врата (инвертор)) на излезот на првите НИ логички врати.

Симболи Постојат 2 симбола за НИ коло, обичен („воен“, „американски“) и правоаголен (ИЕЦ).

Обичен НИ симбол|мини|лево|160п

Правоаголен НИ симбол|мини|центар|100п

Хардверски опис и распоред на пиновите НИ вратата е основна логичка врата и како таква постои во ТТЛ и Технологија на комплементарни метал-оксидни полуспроводници изведби како интегрално коло.

Пример на четирикратна НИ врата во дигитална ЦМОС технологија е дадена на сликата. Двата слободни пина се користат за напојување на интегралното коло.

мини|240п|десно|Оваа слика прикажува НИ врата во склоп на интегралното коло ЦМОС 4011.

Поврзано И врата ИЛИ врата НИЛИ врата ЕКСИЛИ врата ЕКСНИЛИ врата НЕ врата Логичко коло Логичко НИ

Надворешни врски

Распоред на пинови за разни дигитални кола со логички врати

Категорија:Логички кола Категорија:Интегрални кола Категорија:Дигитална електроника