Градешка Чешма — населба и некропола од римското време. На 3 км југоисточно од селото, на падините од ридот Богословец, од левата и десната страна на патот за селото Доброшане се забележуваат темели од објекти, фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и друг градежен материјал. Најдени биле и повеќе монети. Во непосредната близина на чешмата, во нивите се забележуваат гробови со конструкции од камени плочи.

Наводи

Категорија:Богословец