Градиште — градиште од стромакедонско и римско време кај селото Делисинци, Светиниколско. Се наоѓа на 1 км југоисточно од селото, на падините на ридот Богословец, под врвот Свети Јовански Рид, и претставува голема височинка со стрмни падини од сите страни и со зарамнето плато издолжено во правец север-југ околу 150 м.

Димче Коцо и Цветан Грозданов раскажуваат дека површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал Воено, пронајдени се 23 монети на кралот Персеј, како и монети од Амфипол, Пела и Тесалоника од автономна Македонија за време на Филип V и Персеј.

Според Виктор Лилчиќ, ова градиште било военостратегиска база на Персеј и Филип V, која заедно со утврдените бази Кула, Кале и Ќоселери биле насочени кон одбраната на градот Вилазора и другите градови во Овчеполието како оние на Градиште кај Немањици, Градиште кај Мечкуевци и Кула кај Судик.

Наводи

Категорија:Делисинци