Замалек Спортинг Клуб е египетски фудбалски клуб со седиште во Гиза, Египет. Моментално се натпреварува во Премиер лигата на Египет, највисокот ниво на египетскиот фудбал.
Клубот е основан на 5 јануари 1911 година како Каср Ел Нел, и првично бил предводен од белгискиот адвокат Жорж Марзбах. Подоцна клубот уште неколкупати го променил своето име во Ел Мохталат во 1913 година, па во Клуб на Кралот Фарук во 1941 година, за конечно да го добие денешно име Замалек СК во 1952 година.
Замалек никогаш не испаднале во втората лига на Египет. Досега клубот има освоено 12 национални првенства, 25 национални купови како и 3 суперкупа. Гледано на континантално ниво, Замалек има освоено повеќе трофеи под покровителство на КАФ од било кој друг африкански клуб во дваесеттиот век. Клубот има 5 титули во Лигата на шампионите, 3 титули во Суперкупот на КАФ и 1 титула во Африканскиот Куп на победниците на куповите. Исто така, Замалек има освоено 2 титули во Афроазискиот куп.
Замалек е моментално без стадион, па својте домашни натпревари моментално ги игра на Меѓународниот стадион во Каиро. Боите на клубот се белата и црвената. Домашниот дрес се состои од бела маичка со две хоризонтални црвени ленти и бели шорцеви.
Дресови
Титули Национални Египетско првенство : 15 1959–1960, 1963–1964, 1964–1965, 1977–1978, 1983–1984, 1987–1988, 1991–1992, 1992–1993, 2000–2001, 2002–2003, 2003–2004, 2014–2015, 2020/21, 2021/22, 2025/26
Фудбалски куп на Египет : 25 1922, 1932, 1935, 1938, 1941, 1943, 1944, 1952, 1955, 1957, 1958, 1959, 1960, 1962, 1975, 1977, 1979, 1988, 1999, 2002, 2008, 2013, 2014, 2015, 2016
Суперкуп на Египет : 3 2001, 2002, 2016
Регионални Лига на Каиро : 13 1922–1923, 1929–1930, 1931–1932, 1939–1940, 1940–1941, 1943–1944, 1944–1945, 1945-1946, 1946–1947, 1948–1949, 1950–1951, 1951–1952, 1952–1953
Африкански КАФ Лига на шампиони : 5 1984, 1986, 1993, 1996, 2002
КАФ Суперкуп : 3 1994, 1997, 2003
Африкански Куп на победниците на куповите : 1 2000
Светски Афроазиски куп : 2 1987, 1997
Играчи Моментален состав
Познати поранешни играчи Гамал Абделхамид Хасан Шехата Таха Басри Хазем Емам Гамал Хамза Ибрахим Саид Ахмед Хосам Мидо Шикабала Амр Заки Џуниор Агого Алдо Стела Рами Шабан Емануел Амунеке Разак Омотојоси Сумаила Кулибали Јамен Бен Зекри
Наводи
Надворешни врски Официјална страна на клубот
Замалек
Категорија:Гиза