Луј III (помеѓу 863 и 865 – 5 август 882) бил крал на Франките од 879 до 882. Тој владеел во Западна Франкија, заедно со неговиот помлад брат Карломан II, кој го надживеал и владеел сам по неговата смрт.

Кралството Луј III бил син на Луј II наречен "Д‘ткавиот" и Ансгарда БургундскаGénéalogie de Louis III sur le site Medieval Lands [архива].. Тоа бил назначен како единствен наследник од страна на неговиот татко кој го ставил под заштита на Бернар од Оверњ, Опатот Хуго и Бозон од Прованса.

Кога се родил Луј, неговиот татко бил крал на Аквитанија а дедо му Карло Ќелавиот владеел со Западна Франкија. Некои сомневања биле покренати во врска со неговиот легитимитет, бидејќи неговите родители тајно се венчале а Ансгарда подоцна била избркана на инсистирање на Карло. Кога Карло умрел во 877 година, а потоа и Луј Д‘ткавиот починал две години подоцна, некои франциски благородници се залагале за избор на Луј како единствен крал, но друга страна била за тоа секој брат да владее со посебен дел од кралството. Во септември 879 година, Луј бил крунисан во опатијата во Фериер. Во март 880 година, во Амјен, браќата го поделиле татковското кралство, Луј го добил северниот дел, наречен Неустрија.мини|162x162px|Каролиншкото Царство во 880, според Рибмон. Делот на од Луј III е означен со виолетова боја.|лево

Крунисување Во септември 879, благодарение на поддршката на аристократијата на Западна Франкија меѓу кои Бернар од Оверњ, Опатот Хуго, Бозон од Прованса и Теодорих од Вержи, крунисувањето на Луј III и на неговиот помлад брат Карломан набрзина било прославено во опатиската црква Св.Петар и Павле во Фериер, во близина на Монтаржи, од страна на архиепископот од Сенс Ансежиз.

Наследството на Луј II се поделило во март 880 во АмјенCharles du Fresne, sieur du Cange, Histoire de l'état de la ville d'Amiens et de ses comtes [archive], 1840, p. 46: Луј ја добил Неустрија, додека неговиот брат Карломан го добил западниот дел на Бургундија, Аквитанија и Септиманија. Двајцата браќа успеале од наследството да го исклучат Хуго, синот на Лотар IIAnnales de Saint-Bertin, 880, p. 221..лево|мини|Денар од времето на Луј III.|154x154пксЗа да има мир и за да можат да се справат со Норманите, двајцата браќа морале да преговараат со својот братучед Луј Младиот, кој го побарал западниот дел на Лотарингија добиена во 870 од страна на Мерсенскиот договор. На почетокот на 880 година, тие биле принудени да му ја препуштат со потпишувањето на Рибмонскиот договорLaurent Theis, L'Héritage des Charles de la mort de Charlemagne aux environs de l'an mil, 1990, p. 115.

Тие исто така морале да се борат и за Бургундија, оспорена од страна на нивниот роднина Бозон, кој се прогласил себеси за крал на вратеното кралство Бургундија (вклучително и Прованса). Во август 880, двајцата браќа тргнале во војна против него и дошле до портите на градот Макон. Војниците на Бозон биле поразени во Битката кај Креш-сир-Саон и Каролинзите си го вратиле грофовството Макон. мини|Победата на Луј III и Карломан II над Викинзите во 879, слика на Жан Фуке.|162x162пкс Битка против Викинзите На 30 ноември 879, двајцата браќа извојувале убедлива победа врз Викинзите, кои стигнале веќе до ВиенаBnF - Jean Fouquet [архива]..

Во август 881 година, Луј III ја добил Битката кај Сокур-ен-Виме, каде погинале околу 8000 Викинзи. Оваа победа имала значително влијание. Тоа била овековечена преку „Песната за Луј“ (старогорногермански: Ludwigslied), која веројатно била напишана набргу после биткатаMémoires de la Société des antiquaires de Picardie [архива], 1861, p. 43..мини|Портретите на Луј III и Карломан II, слика од Карл Штејбен, 1837.|193x193px

Владеење Луј III умрел на 5 август 882 на околу 18 годишна возраст. Тој ја скршил главата на работ на некоја премногу ниска врата и паднал од коњот додека ја бркал ќерката на некој Гермонд, која трчала да се засолни во куќата на нејзиниот татко.Philippe Le Bas, L'Univers, histoire et description de tous les peuples - Dictionnaire encyclopédique de la France [archive], tome 10, 1843, p. 339.« Играјќи се бркал некоја млада девојка која бегала накај куќата на татко ѝ». Nelson 1994, стр. 277. Неговото тело било погребано во базиликата Сен-Дени. Неговиот брат Карломан станал единствен крал на Западна Франкија.

Поврзано Список на француските кралеви Каролинзи

Користена литература: Жане Нелсон, Карло Ќелавиот, Aubier, 1994Janet Nelson, Charles le Chauve, Aubier, 1994 (ISBN 2700722612). Лоран Теис, Нова историја на средновековна Франција, т. 2 : Наследството на Карловците : од смртта на Карло Велики до околу 1000 година, Paris, Seuil, coll. « Points. Histoire » (no 202), 1990, 280 p. (ISBN 978-2-02-011553-7). Наводи

Надворешни врски Француска национална библиотека (податоци)

Категорија:Каролинзи Категорија:Историја на Европа Категорија:Западна Франкија Категорија:Несигурна година на раѓање Категорија:Починати во 882 година