Гол човек (науч. Arbutus andrachne) — зимзелен вид од источното Средоземје, Блискиот Исток и Југоисточна Азија, кој во Македонија е застапен само во две месности (во сливовите на Коњска и Црна Река). Растението претставува грмушка или мало дрво со кожести, темнозелени, овални листови. Кората се лупи во вид на крупни лушпи (голо дрво), а новата е мазна, бакарноцрвена. Цветовите се мали, бледожолти. Плодовите се црвени, топчести бобинки. Гол човек се смета за мошне украсен вид.

Галерија

Наводи

Категорија:Вресови Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1759 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј