Дикхолцен () — село и слободна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 6 километри југозападно од Хилдесхајм, на Бојстер, притока на Инерсте.

Во 1974 година, поранешните села Дикхолцен, Зере, Бариенроде и Егенштет се соединиле за да ја создадат општината Дикхолцен. Секое село има своја историја и посебни знаменитости. Повеќе жители се римокатолици. Најголемо село е Дикхолцен, каде се сместени општината, училиштето, здравствен дом, неколку продавници, супермаркет, ресторани и хотел. Неколкупати на ден, секое село е поврзано со автобус со Хилдесхајм и со Алфелд.

Географија Местоположба

Дикхолцен се наоѓа јужно од Хилдесхајм во северниот крај на Хилдесхајмската Шума. Низ местото Егенштет тече реката Инерсте. Местата Дикхолцен и Зере се наоѓаат во долината на Бојстер, притока на Инерсте. Хилдесхајмската Шума со Штајнберг на височина од 322,9 метри.

Соседни општини

На север се граничи со градот Хилдесхајм. Источно и јужно се наоѓа градот Бад Залцдетфурт. Од општинската заедница Зибесе се граничи со Алмштет и Зибесе. Општината Дешпетал од општинската заедница Гронау (Лајне) се граничи на запад со општината.

Општински единици

Општината Дикхолцен е поделена на Дикхолцен (3.062 жители), Бариенроде (1.720), Зере (1.377) и Егенштет (663).

Галерија

Личности Јохан Фридрих Руте (1788-1859) — предавач, ботаничар и ентомолог

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хилдесхајм (округ)