Ведран Ќорлука ((); р. , во Дервента) — хрватски поранешен фудбалер, играч од одбраната. Најчесто настапувал како централен-дефанзивец, иако тој има играно и на други места низ дефанзивна линија, особено како денес бек. Моментално е асистент на селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ.

Ќорлука ја поминал младинската академија на Динамо Загреб, пред да го направи своето професионално деби за сениорскиот тим во 2003 година. Во 2007 година, за 8 милиони фунти се преселил во Манчестер Сити со кој настапувал во Премиер лигата, а една сезона подоцна направил трансфер во екипата на Тотенхем Хотспар, каде веќе настапувал неговиот сонародник Лука Модриќ. Тој поминал четири сезони на Вајт Харт Лејн, пред да се приклучи на Локомотив од Москва. Во овој клуб останал до 2021 година, кога ја завршил својата кариера.

На репрезентативно ниво, Ќорлука ја претставувал Хрватска во разни младински нивоа, пред да го направи своето сениорско деби во август 2006 година, во пријателски натпревар против тогашниот Светски првак, Италија. Од тогаш, тој ја претставувал Хрватска на Европските првенства во 2008, 2012 и 2016 година, како и на Светските првенства во 2014 и 2018 година, освојувајќи сребрен медал на последното, а по него и ја завршил репрезентативната кариера со 103 настапи и 4 гола.

Титули Клупски Динамо Загреб Прва ХНЛ : 2 2005–2006, 2006–2007 Куп на Хрватска : 1 2006–2007 Суперкуп на Хрватска : 1 2006

Локомотив Москва Премиер лига на Русија : 1 2017–2018 Куп на Русија : 4 2014–2015, 2016–2017, 2018–2019, 2020–2021 Суперкуп на Русија : 1 2019

Репрезенација Светско првенство : 20px|Сребрен медал Вицешампион: Русија 2018

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Загреб Категорија:Фудбалери на ФК Интер Запрешиќ Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Баер Леверкузен Категорија:Фудбалери на ФК Локомoтив Москва Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на Европско првенство 2012 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2014