Ал-Газали (полно име: Абу Хумид Мухамед ибн Мухамад ал-Газали أبو حامد محمد بن محمد الغزالي)"Ghazali". Collins English Dictionary. бил средновековен исламски теолог, правник, филозоф и мистикLudwig W. Adamec (2009), Historical Dictionary of Islam, p.109. Scarecrow Press. . од персиско потекло.http://www.ibe.unesco.org/fileadmin/user_upload/archive/Publications/thinkerspdf/ghazalif.pdf , « Al-Ghazali est né en 450 de l’Hégire, soit 1058 de l’ère chrétienne, dans la ville de Tus (Khorassan) ou dans un des villages avoisinants, au sein d’une famille persane de condition modeste... »
Неговото дело Тахафут ал-Фаласифа ("Некохерентноста на филозофите") било исклучително влијателно при оддалечувањето на средновековната исламска мисла далеку од аристотелизмот, филозофската шпекулација и теолошката дебата, што доведе до евентуален триумф на ашаритската над мутазилитската школа за теолошка мисла. Во рамките на исламската традиција, тој се смета за Муџадид односно обновател на вератаJane I. Smith, Islam in America, p. 36. Dhahabi, Siyar, 4.566Willard Gurdon Oxtoby, Oxford University Press, 1996, p 421 кој според традицијата се појавува еднаш вековно за да ја обнови верата во заедницата. Неговите дела биле толку високо признати од страна на неговите современици што Ал-Газали бил награден со почесната титула "Доказ за исламот" (Хуџат ал-Ислам).Hunt Janin, The Pursuit of Learning in the Islamic World, p. 83. Ал-Газали исто така е поврзан со суфизмот и е познат по тоа што иницирал зближување помеѓу исламската православна и суфиска традиција.
Живот Се верува дека датумот на раѓање на ал-Газали - како што е дадено од страна на Ибн ал-Џаузи - е 1058/9 година. Модерните проценки сметаат дека е околу 1056/7, врз основа на одредени изјави во кореспонденцијата и автобиографијата на Ал-Газали.
Тој е роден во Табаран, град во областа на Тус, Хорасан (денес дел од Иран). Постхумана традиција—чија автентичност е во прашање во последно време—раскажува дека неговиот татко, човек "од персиско потекло", умрел во сиромаштија и го оставил младиот ал-Газали и неговиот брат Ахмад во грижа на Суфите. Современиот и прв биограф на Ал-Газали, 'Абд ал-Гафир ал-Фариси само прибележува дека ал-Газали почна да добива настава по фикх (исламска јуриспруденција) од Ахмад ал-Радакани, локален учител.
Тој подоцна студирал под ал-Џувајни, истакнат правник и теолог и "најистакнатиот муслимански научник на неговото време",во Нишапур, веројатно по период на студирање во Гурган. По смртта на ал-Џувајни во 1085, ал-Газали замина од Нишапур и се приклучи на судот на Низам ал-Мулк, моќен везир на селџуксите султани, кој најверојатно беше сконцентриран во Исфахан. По добивањето на неколку титули како "Сјај на религијата" и "Возвишеност помеѓу верските водачи", Низам ал-Мулк го унапредни ал-Газали во јули 1091 на "најпрестижната и најголемата" низамијска медреса во Багдад.
Тој беше подложен на духовна криза во 1095 и следствено на тоа се откажал од својата кариера и го напуштил Багдад, под изговор дека одел на аџилак до Мека. Правејќи договори за неговото семејство, тој го отфрлил своето богатство и усвоил аскетски начин на живот. Според биографот Данкан Б. Макдоналд, целта на воздржувањето од училишната работа беше да се соочи со духовното искуство и пообичното разбирање на "словото и традициите".Nicholson, Reynold Alleyne. (1966). "A literary history of the Arabs". London: Cambridge University Press. p. 382. По некое време во Дамаск и Ерусалим и по посета на Медина и Мека во 1096 година, се вратил во Тус да ги помине следните неколку години во узла (изолација). Оваа изолација се состоеше од воздржување од наставата во државно-спонзорирани институции, иако тој продолжил да објавува, да прима посетители и да предава во завијата (приватна медреса) и во текија (суфиски манастир) која тој ја изградил.
Факр ал-Мулк, големиот везир на Ахмад Санџар, вршил притисок на ал-Газали да се врати во Низамија во Нишапут; ал-Газали колебливо капитулирал во 1106, стравувајќи (со право) дека тој и неговите учења ќе се сретнат со отпор и контраверзија. Тој подоцна се вратил во Тус и одби покана во 1110 од големиот везир на Мухамед I да се врати во Багдад. Умрел на 19 декември 1111. Според 'Абд ал-Гафир ал-Фариси тој имаше неколку ќерки, но не и синови.
Школкси афилијации Ал-Газали придонесе значително за развивањето на систематскиот преглед на Суфизмот и неговата интеграција и прифаќање во рамките на редовниот Ислам. Како научник на православниот Ислам, тој припаѓал на шафитската школата за исламското право и на ашеритската школа на теологијата.R.M. Frank, Al-Ghazali and the Ashʿarite School, Duke University Press, London 1994 Ал-Газали се здобил со многу титули, како што се Шараф-ул-А'има (), Зајн-уд-дин () и Хуџат-ул-Ислам ().
Тој се смета за клучен член на влијателната ашеритска школа на првобитната исламска филозофија и како најважен противник на Мутазилитите. Сепак, тој избра малку поинаква позиција во споредба со Ашеритите; неговите верувања и мисли се разликуваат во некои аспекти од тие на православната ашеритска школа.
Дела мини|Харунија () - структура во Тус, Иран, именувана по Харун ал-Рашид, музолеумот на Ал-Газали се смета дека се наоѓа на влезот на овој споменик. Вкупно околу 60 дела можат да се припишат на Ал-Газали."about five dozen authentic works, in addition to which some 300 other titles of works of uncertain, doubtful, or spurious authorship, many of them duplicates owing to varying titles, are cited in Muslim bibliographical literature. [...] Already Ebn Ṭofayl (d. 581/1185, q.v.) observed that Ḡazālī wrote for different audiences, ordinary men and the elite (pp. 69-72), and Ḡazālī himself completed the rather moderate theological treatise, Eljām al-ʿawāmmʿan ʿelm al-kalām “The restraining of ordinary men from theology,” in the last month before his death" Encyclopedia Iranica.
Некохерентноста на филозофите Неговата книга од 11 век со наслов Некохерентноста на филозофите бележи големи пресврти во исламската епистемологија. Средбата со скептицизмот предводена од ал-Газали доведе до прифаќање на форма на теолошки оказионализам, или верување дека сите причинско-последични настани и интеракции не се производ на материјални врзувања туку на непосредната и присутната Божја Волја.
Ова дело исто така ја одбележа пресвртната точка во исламската филозофија во своите жестоки одбивања на Аристотел и Платон. Книгата ја нападна фаласифата, лабаво дефинирана група на исламски филозофи од 8-ми до 11 век (од кои најважните биле Авицена и Ал-Фараби) која беше интелектуално под влијание на Старите Грци.
Во следниот век, Авероес изработил долго неодобрување на ова дело на ал-Газали наречено Некохерентноста на некохерентноста; сепак, епистемолошкиот тек на исламската мисла веќе била поставена. Ал-Газали го даде како пример за илузијата на независните закони на причините фактот што памукот гори кога доаѓа во контакт со оган. Иако тоа може да изгледа како дело на природниот закон, тоа се случува само затоа што Бог посакал тоа да се случи—настанот е "директен производ на божествената интервенција како и било кое друго чудо". Авероес, од друга страна инсистираше дека додека Бог го создал природниот закон, луѓето "можат покорисно да кажат дека огнот предизвика памукот да изгори, бидејќи создавањето имаше шема која тие можеле да ја забележат." For al-Ghazali's argument see The Incoherence of the Philosophers. Translated by Michael E. Marmura. 2nd ed, Provo Utah, 2000, pp.116-7.For Ibn Rushd's response, see Khalid, Muhammad A. ed. Medieval Islamic Philosophical Writings, Cambridge UK, 2005, p.162)
Овој долгогодишен аргумент бил критикуван. Џорџ Салиба во 2007 година тврди дека падот на науката во 11 век бил преценет, укажувајќи на продолжувањето на напредокот, особено во астрономијата сè до XIV век. Од друга страна, Хасан Хасан во 2012 година тврдел дека додека навистина научната мисла во Исламот беше ослабена во 11 век, лицето кое во голема мера е виновно не е Ал-Газали туку Низам ал-Мулк.Hasan Hasan, How the decline of Muslim scientific thought still haunts , The National, 9 February 2012.
Автобиографија мини|Последната страница од автобиографијата на Ал-Газали, датирана околу 1115-1116 година. Автобиографијата која ал-Газали ја напишал кон крајот на својот живот, Ослободувањето од грешка ( ал-мункид мин ал-далал) се смета за дело од големо значење. Во него, ал-Газали раскажува како откако кризата на епистемолошкиот скептицизам беше решена од страна на "светлина што Бог севишниот ја фрли во моите гради ... клучот за повеќето знаења," тој студирал и ги совладал аргументите на келамот, исламската филозофија и Исмаилизмот. Иако го почитувал она што беше основно во првите две од овие дела, тој утврдил дека сите три пристапи се несоодветни и имале крајна вредност само во мистичното искуство и увидот (состојбата на пророштво или нубува) кои тој ги добил како резултат на следењето на суфистичките практики. Вилијам Џејмс во Видови на религиозни доживувања смета дека автобиографијата е важен документ за "чисто литературниот студент кој би сакал да се запознае со духовноста на другите религии покрај Христијанството" поради недостатокот на снимени лични верски конфесии и автобиографска книжевност од овој период надвор од христијанската традиција.
Оживувањето на верските науки Друго значајно дело на Ал-Газали е Ихја' Улум ал-Дин или Ихја'у Улумидин (Оживувањето на верските науки). Тоа ги опфаќа речиси сите области на исламските науки: фикх (исламска јуриспруденцијата), келам (теологија) и суфизам.
Тоа содржи четири главни делови: Дела на обожување (Руб' ал-'ибадат), Норми на секојдневниот живот (Руб' ал-'адатат), Начините на пропаст (Руб' ал-мухликат) и Начините на спасение (Руб' ал-мунџијат). Ова дело стана најчесто рецитиран исламски текст по Куранот и Хадисот. Неговото големо достигнување е доближувањето на православната сунитска теологија и суфиската мистика заедно во корисен, сеопфатен водич за секој аспект на муслиманскиот живот и смрт.Hunt Janin, The Pursuit of Learning in the Islamic World 610-2003, p 83. Книгата беше добро примена од страна на исламските научници како што се Навави кој изјави дека: "Ако сите книги на Исламот се загубени, со исклучок само на Ихја', таа ќе биде доволно да ги замени сите."Joseph E. B. Lumbard, Islam, Fundamentalism, and the Betrayal of Tradition: Essays by Western Muslim Scholars, p. 291.
Газали одново ја напиша Оживувањето на верските науки на персиски за да постигне поголема публика; тој ја објави оваа книга под името Алхемијата на среќата.
Дела на персиски Ал-Газали ги напиша повеќето од неговите дела на арапски и неколку на персиски. Неговото најважно персиско дело е Кимјаје Са'адат (Алхемијата на среќата). Тоа е персиската верзија на Ихја'ул илумудин (Оживувањето на верските науки) на арапски, но пократко дело. Тоа е едно од најдобрите дела од 11 век во персиската литература. Книгата беше објавена неколкупати во Техеран од страна на Хусаин Кадев-џам, познатиот ирански научник. Тоа е преведено на англиски, арапски, турски, урду, азербејџански и други јазици.Translated into English by Mohammed Asim Bilal and available at archive.org
Освен Кимја, најславеното дело на ал-Газали е перскиското дело '''Насихатул Мулук (Советувањето на кралевите), напишаон веројатно за Султан Ахмад Санџар ибн Малекшах. Во издание објавено од страна на Џалалудин Хумаји, книгата се состои од два дела од кои само првиот сигурно може да му се припише на ал-Газали. Јазикот на содржината на некои пасуси се слични на Кимјаје Са'адат. Вториот дел се разликува значително во содржината и стилот од добро познатите делата на ал-Газали. Тој содржи приказни за предисламските кралеви на Персија, особено за Аношерван. Насихатул Мулук беше преведена на арапски јазик под наслов ал-Тибр ал-масбук фи насихат ал-мулук (Фалсификуваниот меч во советувањето на кралевите).