Sporolactobacillus е род на стапчести, Грам-позитивни, анаеробни, подвижни бактерии на млечно-киселинско вриење.

Членовите на овој род се каталаза-негативни, не ги редуцираат нитратите во нитрити, и не формираат индол. Млечната киселина ја продуцираат активно, без ослободување на гасови, од гликоза, фруктоза, маноза, сахароза, малтоза, трехалоза, рафиноза, инулин, манитол, сорбитол, и алфа-метилгликозид.

Sporolactobacillus видовите обично виреат на температури меѓу 25 и 40 °C, со оптимална температура за раст околу 35 °C.

Наводи

Категорија:Бактерии Категорија:Грампозитивни бактерии Категорија:Бактериологија Категорија:Микробиологија