Емилијано Сапата Саласар (; ; 8 август 1879 - 10 април 1919) — мексикански револуционер, еден од водачите во Мексиканската револуција и водач на револуцијата на селаните во државата Морелос во Мексико. Тој е инспирација за аграрното движење наречено сапатизам.

Животопис Тој е роден во селото Аненекуилко во државата Морелос во Мексико, во фамилија на фармери, поради што имал увид во тешкотиите и проблемите на луѓето кои живеат на село и одработуваат земја. Тој долго протестирал против одземањето на земјата на обичните селани.Krauze, Mexico: Biography of Power, стр. 275-76.

Во 1909 година се случила важна средба помеѓу старешините на неговото родно село каде што кметот на селото најавил оставка поради неговите години, но никој не се осмелил да бара нов кмет. Поради тоа, Сапата станал кмет на селото без претходно гласање, а како доверлив и сигурен човек за таква позиција.Womack, J. Zapata and the Mexican Revolution. 1969. New York.

Во изборите во 1910 година, Сапата гледал можност за да ги промовира своите предлози за аграрни реформи во Мексико и направил сојуз со кандидатот Францис I Мадеро во кој гледал најдобра шанса за вистински промени во државата.Мексиканската револуција: Сапата, Диас и Мадеро Сепак, Мадеро не ги исполнил реформите и поради тоа Сапато одбил да се покори на новата влада, настојувајќи спроведување на аграрните реформи и конфискација на оние земји кои припаѓаат на непријателите на револуцијата.Целата приказна за револуционерот Емилијано Сапата

Цитати

Наводи

Надворешни врски

Мрежно место за Емилијано Сапата

Категорија:Родени во 1879 година Категорија:Починати во 1919 година