Публиј Овидиј Назон, познат како Овидиј (20 март 43 пр. н. е — 17/18 година) — римски поет кој живеел за време на владеењето на императорот Октавијан Август.На латински, прекарот Naso означува „некој со нос“, т.е. „Носко“. Кога зборува за себе во своите песни, Овидиј се ословува со прекарот, бидејќи името Овидиј не се вклопува во елегичниот дистих. Тој бил современик на постарите поети Вергилиј и Хорациј, со кои се смета за темел на римската книжевност. Квинтилијан го сметал за последниот римски елегичар.Quint. Inst. 10.1.93 Уште за време на животот, Овидиј уживал огромна популарност, но Август го протерал од Рим во провинцијата на брегот на Црното Море, каде што останал до смртта. Самиот Овидиј своето прогонство го нарекол „поема и грешка“ (латински: carmen et error) но неговата дискретност при дискусијата за причините на прогонот, придонела за многу шпекулации меѓу историчарите.
Овидиј бил првиот голем римски поет кој ја започнал својата кариера за време на владеењето на императорот Август.Fergus Millar (1993), „Ovid and the Domus Augusta: Rome Seen from Tomoi“, Journal of Roman Studies, 83, p. 6.]. Тој е најпознат по делата: „Метаморфози“ (во 15 книги), „Уметноста на љубовта“ (латински: Ars Amatoria) и „Фасти“ (латински: Fasti), познато и како „Шесте книги на календарот“. Неговата поезија ја имитирале многу поети во Доцната антика и во средниот век и таа имала исклучително влијание врз западната уметност и книжевност. Делото Метаморфози се смета за еден од најважните извори на класичната митологија.Mark P. O. Morford, Robert J. Lenardon (1999), Classical Mythology. Oxford University Press, p. 25.
Живот Овидиј зборувал повеќе за својот живот отколку повеќето други римски поети. Информациите за неговата биографија потекнуваат пред сѐ од неговата поезија, а особено од делото „Таги“ (латински: Tristia 4.10), каде дава долг автобиографски извештај за неговиот живот. Други извори за неговиот живот даваат Сенека Постариот и Марко Фабиј Квинтилијан.
Раѓањето, детството и бракот мини|318x318пкс|Втора статуа на Овидиј од Еторе Ферари на Пјаца XX Сетембре, Сулмона, Италија. Овидиј се родил во Сулмо (денешна Сулмона), источно од Рим, во богато еквитанско семејство, на 20 март, 43 п.н.е.„Publije Ovidije Nazon“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 100. Тоа била значајна година во римската политикаЕдна година пред раѓањето на Овидиј, се случило убиството на Јулиј Цезар, настан што го предизвикал крајот на републиканскиот режим. По смртта на Цезар, следела серија на граѓански војни и сојузи (види: Римски граѓански војни), до победата на внукот на Цезар, Октавијан (подоцна наречен Август) врз Марк Антониј (поддржувач на Цезар), што довело до нов политички режим. Овидиј учел реторика во Рим кај Арелиј Фуск и кај Порциј Латро, заедно со брат му, кој бил одличен во ораторство.Seneca, Cont. 2.2.8 and 9.5.17
Татко му сакал Овидиј да учи реторика за да се занимава со право и со политика, но веќе во раната младост Овидиј се определил за поезијата. Според Сенека Постариот, на Овидиј подобро му лежела емоционалната, отколку аргументативната реторика. По смртта на неговиот брат, на дваесетгодишна возраст, Овидиј се откажал од правото и почнал да патува во Атина, Мала Азија и Сицилија.Trist. 1.2.77 Извршувал помали јавни функции, како еден од триумвиратите,Trist. 4.10.33–4 еден од центумвиритеTrist. 2.93ff.; Ex P. 5.23ff. и еден од децемвиритеFast. 4.383–4 но си дал оставка за да продолжи со поезијата, веројатно околу 29-25 п.н.е, одлука која татко му ја осудувал.Trist. 4.10.21 мини|272x272пкс|Овидиј, приказ на профилот Овидиј почнал да пишува стихови уште во раната младост, како што самиот кажува во една своја автобиографска песна, сè што се обидел да напише било стих (quid-quid temptabam scribere versus erat). Првиот рецитал на Овидиј е датиран околу 25 година п.н.е, кога тој имал осумнаесет години.Trist. 4.10.57–8 Тој бил еден од поетите околу патронот Марк Валериј Месала Корвин и бил пријател со поетите во кругот на Мецена. Во делото „Таги“ (Trist. 4.10. 41–54), Овидиј го споменува пријателството со Мацер, со Секст Проперциј и со Хорациј и сосем малку се познавал со Вергилиј и Албиј Тибул, соработник во кругот на Месала, на чии елегии во голема мера се восхитувал. Овидиј бил многу популарен во времето на неговите први дела, но подоцна, во 8 година од нашата ера, бил протеран од Рим од страна на императорот Август.
До неговата триесетгодишна возраст, тој трипати се оженил и двапати се развел. Имал една ќерка, од која дочекал и внуци. Неговата последна жена на некој начин го поврзала со влијателните патрикии Фабии кои му помогнале во неговиот егзил во Томис.Brill's New Pauly: Encyclopaedia of the Ancient World s.v. Ovid мини|202x202пкс|Воведните стихови на Овидиј во „Метаморфози“
Книжевен успех мини|300x300пкс|"Овидиј го споредува универзумот со јајце" - (Илустрација за "Метаморфози" на Овидиј, Белгија, Фландрија, 15 век) Првите 25 години од книжевната кариера Овидиј ги поминал првенствено во пишување елегиски стихови со еротски теми.The most recent chart that describes the dating of Ovid's works is in Knox. P. "A Poet's Life" in A Companion to Ovid ed. Peter Knox (Oxford, 2009) pp.xvii–xviii Хронологијата на овие најстари дела не е сигурна но историчарите нив сепак ги подредиле според дати. За најстар труд се смета делото „Хероини“ (латински: Heroides), писма на митолошките хероини до нивните отсутни љубовници, кои можеби биле објавени во 19 година п.н.е, иако датумот останува неизвесен.Trist. 4.10.53–4 Автентичноста на некои од овие песни е дискутабилна, но веројатно ова прво издание ги содржело првите 14 песни од збирката. Првите пет книги од збирката „Љубови“ (латински: Amores), серија еротски поеми упатени до љубовницата Корина, се смета дека биле објавени во 16-15 година п.н.е. Првите три книги од зачуваната верзија, според епиграмот на првата книга, се смета дека биле објавени околу 8-3 година п.н.е. Меѓу публикациите на двете изданија на Љубови може да се датира премиерата на неговата трагедија „Медеја“, на која ѝ се восхитувале во антиката, но која повеќе не постои.
Следната поема на Овидиј, „Бојата на лицето“ (латински: Medicamina Faciei), фрагментарно дело за третманите на женската убавина, му претходела на делото, „Уметноста на љубовта“, пародија на дидактичка поезија и прирачник во три книги за заведувањето и интригата, кој се датира во 2 година од нашата ера (Книгите 1-2 некаде во 1 година п.н.е.). Овидиј можеби во неговата поезија во прогонот го идентификува ова дело како песната, која била една од причините за неговиот егзил. По „Уметноста на љубовта“, следи делото „Љубовни лекови“ (латински: Remedia Amoris), истата година. Со овој корпус на елегиска, еротска поезија Овидиј си направил место помеѓу водечките римски елегичари Гал, Тибул и Пропертиј, меѓу кои себеси се гледал како четврти претставник.
До 8 година, тој го завршил неговиот најамбициозен труд, „Метаморфози“, хексаметарска епска поема во 15 книги. Делото е енциклопедиски каталог на преобразбите во грчката и римската митологија, од појавата на космосот до апотеозата на Јулиј Цезар. Приказните се следат една со друга во раскажувањето за човечки суштества преобразени во нови тела: дрва, карпи, животни, цвеќиња, соѕвездија и сл. Истовремено, тој работел на делото „Фасти“, поема во шест книги во елегичен дистих на тема на календарот на римските празници и астрономијата. Композицијата на оваа поема била прекината поради егзилот на Овидиј и се смета дека тој престанал да работи на поемата во Томис. Веројатно во овој период биле напишани, доколку се на Овидиј, двостраните писма во Хероините (16-21).
Прогонството во Томис мини|280x280пкс| Овидиј протеран од Рим (1838) слика од Џ. М. В. Тарнер. Во 8 година, Овидиј бил протеран во Томис, денешна Констанца, на Црното Море, со ексклузивна интервенција на императорот Август, без никакво учество на Сенатот или на било кој римски судија.See Trist. II, 131–132. Овој настан оставил белег на цела негова следна поезија. Овидиј напишал дека причината за неговото прогонство биле carmen et error (песна и грешка),Ovid, Tristia 2.207 тврдејќи дека неговото злосторство е полошо и од убиство,Ovid, Epistulae ex Ponto 2.9.72 поштетно и од поезија.Ovid, Epistulae ex Ponto 3.3.72
Внуците на императорот, Јулија Помладата и Агрипа Постум, исто така, биле протерани приближно во истото тоа време. Сопругот на Јулија, Луциј Емилиј Паул, бил осуден на смрт за заговор против Август, заговор за кој Овидиј можеби знаел.Norwood, Frances (1963), „The Riddle of Ovid's Relegatio“, Classical Philology, p. 158 Јулискиот закон за брак од 18 година п.н.е., кој промовирал моногамен брак, а прељубата се сметала за престап, бил новина кај Римјаните. Пишувањата на Овидиј во „Уметноста на љубовта“ поттикнувале прељуба. Тој можеби бил протеран поради ова дело, кое се чинело субверзивно во однос на законите на императорот. Сепак, во поглед на долгото време кое поминало помеѓу објавувањето на делото (1 година п.н.е) и прогонството (8 година), некои автори сугерираат дека Август веројатно ја искористил поемата само како оправдание за нешто посериозно.José González Vázquez (trans.), Ov. Tristes e Pónticas (Editorial Gredos, Madrid, 1992), p.10 and Rafael Herrera Montero (trans.), Ov. Tristes; Cartas del Ponto (Alianza Editorial, Madrid, 2002). The scholars also add that it was no more indecent than many publications by Propertius, Tibullus and Horace that circulated freely in that time. мини|244x244пкс|Островот на Овидиј (романски: Insula Ovidiu), каде се претпоставува дека умрел Овидиј (остатоците од римска вила постојат), северно од Констанца (Романија).
Факти за прогонството