Љубомир Младеновски (роден на во Скопје) — македонски поранешен кошаркар. Тој бил играч на Работнички.

Клупска кариера Младинска кариера Со МЗТ, Љубомир станал првак со М-20 составот (генерација 1996/1997) во сезоната 2014/15.

Професионална кариера Својата професионална кариера ја започнал во Работнички во сезоната 2012/13. Таа сезона со Работнички стигнал до полуфиналето во Првенството. За сезоната 2013/14 Младеновски потпишал за МЗТ Аеродром. Таа сезона Младеновски со МЗТ ја освоил Првата лига и Купот на Македонија 2014. Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига. Во МЗТ Аеродром продолжил да игра и во сезоната 2014/15. Тогаш Љубомир со МЗТ го освоил Првенството. Пред отворањето на сезоната 2015/16, Младеновски со МЗТ станал првак во возобновениот Суперкуп на Македонија 2015, и подоцна станал освојувач на Првенството и Купот на Македонија 2016. Во сезоната 2016/17 исто така играл за МЗТ Аеродром, клуб со кој најпрво го освоил Суперкупот на Македонија 2016 и подоцна повторно станал првак во Лигата. Во јули 2017 година, Младеновски не го обновил договорот со МЗТ, станувајќи слободен агент, и подоцна во август потпишал тогаш новиот словенечки прволигаш Илирија. За сезоната 2018/19, Младеновски се повторно потпишал за МЗТ. Таа сезона, Младеновски го освоил македонското првенство. На крајот на јуни, Љубомир и МЗТ заеднички ја завршиле соработката. Во средината на октомври 2019 година, Младеновски потпишал отворен договор со Работнички, односно можел слободно да замине во случај на понуда од друг клуб.

Репрезентативна кариера Младинска репрезентација

А репрезентација Младеновски бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021. Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Младеновски. Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.

Успеси

Титули МЗТ Аеродром Прва македонска лига (5) : 2013/14, 2014/15, 2015/16, 2016/17, 2018/19 Куп на Македонија (2) : 2014, 2016 Суперкуп на Македонија (2) : 2015, 2016

Признанија Почесно споменување во сезоната 2018/19 Почесно споменување во сезоната 2019/20

Наводи

Надворешни врски Профил на Љубомир Младеновски на eurobasket.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК МЗТ Скопје Категорија:Кошаркари на КК Пелистер