мини|Петар Николиќ во дресот на КК Куманово, на натпревар против КК Гостивар, сезона 2021-2022 Петар Николиќ (роден на во Врање) — српски кошаркар кој настапува за Еуро Никел 2005. Тој поседува и македонско државјанство.
Клупска кариера Младинска кариера мини Првите кошаркарски знаење ги научил во клубот Економац и Пантери од Врање. Играл и за младинските категории на КК Југ од родниот град. Југ го испратил Николиќ на позајмица во БСК Јуниор од Бујановац. Потоа Николиќ побарал исписница и се префрлил во КК Морава од Владичин Хан.
Професионална кариера На свои петнаесет години, Николиќ дебитирал за сениорскиот состав на Морава кој се натпреварувал во Првата српска лига (втора по ранг) и станал редовен член на сениорската екипа. На полусезоната од сезоната 2011/12, Петар Николиќ се префрлил во Бујановац, исто така клуб од Првата српска лига. По завршувањето на сезоната 2011/12, Николиќ бил на проба во Работнички. Во сезоната 2012/13 заиграл за второлигашот Водњански Лисици. Следната сезона продолжил во Водњански Лисици и го освоиле второто место кое водело во Првата лига. Во сезоната 2014/15 Николиќ останал во Водњански Лисици, со кој не успеал да опстане во Првата лига. Следната сезона потпишал за Работнички и станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015. Во сезоната 2016/17 останал во Работнички и стигнал до полуфиналето на Првенството и Купот на Македонија 2017. Во Работнички, Николиќ продолжил да настапува и во сезоната 2017/18. Во таа сезона, Николиќ со Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството бил првак. За сезоната 2018/19, Николиќ се преселил во редовите на Блокотехна. Со Блокотехна, Николиќ ја освоил Балканската лига 2018/19. Истата сезона, Николиќ со Блокотехна станал вицепрвак во Купот 2019. Во август 2019 година, Николиќ ги сменил клупските бои и заиграл за Еуро Никел 2005. Сезоната 2020/21 ја започнал во Работнички, но во март се преселил во Пелистер.
Успеси
Титули Работнички Прва македонска лига (1) : 2017/18
Блокотехна НБ Балканска лига (1) : 2018/19
Признанија Почесно споменување во сезоната 2018/19
Наводи
Надворешни врски Профил на Петар Николиќ на Eurobasket.com
Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Кошаркари од Врање Категорија:Македонски кошаркари Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски Срби Категорија:Кошаркари на КК Работнички