Футунски Острови (Futuna) или Хорнски Острови (Hoorn) e мала група на острови во Тихиот Океан, дел од француската територија Валис и Футуна. Вкупната површина на Футунските Острови е 115 км2 и според пописот од 2003 година имале население од 4.873 жители

Историја Островите биле именувани според градот Хорн во Холандија од морепловците Вилем Схаутен и Јакоб Ле Мер. Автохтоното име потекнува од футунскиот збор futu, кој е назив за растението Азијатска Барингтонија.

Географија Островите се составени од:

Футуна - северозападен остров со вкупна површина од 83 км2 и население од 4871 жители. Алофи - југоисточен остров со вкупна површина од 32 км2 и население од 2 жители.

Поврзано Валис и Футуна Футуна Алофи

Категорија:Острови во Валис и Футуна Категорија:Архипелази во Тихиот Океан