мини|230п|Постапки за докажување на присуство на Staphylococcus aureus во млеко. Staphylococcus aureus (познат како златен стафилокок) ― Грампозитивна, топчеста бактерија која е дел од нормалната микрофлора на телото, често се наоѓа во носот, респираторниот систем и на кожата. Позитивна е на каталаза и редукција на нитрат и е факултативен анаероб. Иако S. aureus не е секогаш патогена (и најчесто може да се најде како коменсал), таа е честа причина за инфекции на кожата, вклучувајќи апсцеси, респираторни инфекции, како што се синузити, труење со храна и друго. Патогените соеви предизвикуваат инфекции преку создавање на фактори на вирулентност, како што се јаки белковински токсини, и со присуство на површински белковини кои врзуваат и онеспособуваат антитела. Појавата на антибиотски-резистентни соеви од S. aureus како метицилин резистентниот S. aureus (MRSA) е светски проблем во клиничката медицина. И покрај бројните истражувања, сè уште не е одобрена вакцина за S. aureus.

Staphylococcus видот за првпат бил идентификуван во 1880 во Единбург, Шкотска, од страна на хирургот Александар Огстон, во гној од хируршки апсцес во колено. Ова име подоцна било променето во Staphylococcus aureus од страна на Фридрих Јулиј Розенбах. Околу 20% до 30% од човечката популација се носители на S. aureus кој се наоѓа како дел од нормалната микрофлора на кожата, во ноздрите, и во долниот репродуктивен тракт на жената. S. aureus може да предизвика голем број на болести, од мали инфекции на кожата, како што се акни, импетиго, фурункули, карбункули, целулит, фоликулит, стафилококен ексфолијативен дерматит (Ритерова болест) и животно загрозувачки болести како пневмонија, менингит, остеомиелит, ендокардит, токсичен шок-синдром, бактериемија, и сепса. Сè уште е една од петте најчести причини на болнички инфекции и често е причина за рани постоперативни инфекции. Секоја година, околу 500.000 пациенти во болниците на САД заболуваат од стафилококни инфекции, главно од S. aureus, а 50.000 смртни случаи годишно се резултат на инфекции од истата бактерија. Микробиологија мини|250п|Боење по Грам на клетки на S. saprophyticus, кои обично се јавуваат во кластери: клеточниот ѕид лесно ја впива кристал-виолетовата боја.мини|250п|Жолти колонии од S. aureus на крвен агар со региони на обезбојување околу колониите предизвикани од лиза на еритроцитите (бета хемолиза). S. aureus (од грчкиот збор: σταφυλόκοκκος, „гроздовидни зрна“ и латинскиот aureus, „златен“) е факултативно анаеробна, Грам-позитивна кока, позната како „златен стафилокок“. Тие се неподвижни и не формираат ендоспори."PATHOGEN SAFETY DATA SHEET - INFECTIOUS SUBSTANCES." Staphylococcus cells have a diameter of 0.7-1.2 um. Staphylococcus Aureus. Public Health Agency of Canada, 2011. Web На микроскоп се гледаат како големи, тркалезни топчиња аранжирани во неправилни, гроздовидни структури со златно-жолта боја. Култивирани на крвен агар прават хемолиза. S. aureus се репродуцира бесполово со двоично цепење (проста делба). За комплетно одделување на клетките-ќерки потребен е автолизин и во негово отсуство или инхибиција, клетките-ќерки остануваат поврзани една со друга при што формираат кластери.

S. aureus е каталаза-позитивен затоа што го произведува ензимот каталаза. Тој го разградува водород пероксидот (H2O2) на вода и кислород. Затоа каталаза-тестовите се користат да се направи разлика на стафилококи од ентерококи и стрептококи. Порано, S. aureus бил разликуван од другите стафилококи со помош на коагулаза тестот. Сепак, не сите S. aureus соеви се коагулаза-позитивниPreTest, Surgery, 12th ed., p.88 и неточната идентификација влијае на ефикасен третман и спроведување на мерките за контрола.

Природна генетска преобразба е размножувачка постапка на пренос на ДНК од една бактерија на друга и интеграција на дарителската секвенца во геномот на реципиентот со хомологна рекомбинација. Било пронајдено дека S. aureus е способен за природна генетска преобразба, но со мала честота под опитните услови кои биле применети. Понатамошните истражувања покажале дека развојот на компетентност за природна генетска преобразба може да биде значително зголемен под соодветни услови, кои допрва треба да бидат откриени.

Улога во здравјето Кај луѓето, S. aureus е дел од нормалната микрофлора присутна во горниот респираторен тракт, на кожата и слузници и во дигестивниот систем.

S. aureus, заедно со сличните видови кои се дел од микрофлората и се однесуваат симбиотски, предизвикаат болест ако почнат да ги инвадираат ткивата. Таквите бактериски заедници се нарекуваат „патобионти“.

Улога во болест мини|250п|Скенирачки електронски микрограф (SEM) на кој се гледаат купчиња на бактерии на S. aureus отпорни на метицилин (MRSA). Додека S. aureus обично е коменсална бактерија која асимптоматски колонизира околу 30% од човечката популација, понекогаш може да предизвика болест. Таа е една од најчестите причини за појава на бактериемија и инфективен ендокардит. Дополнително, може да предизвика разни инфекции на кожата и меките ткива, особено кога нивните одбранбени бариери се пробиени.

Инфекциите со S. aureus се шират преку директен допир со гној од заразена рана или индиректно со користење на предмети за лична употреба на заразени лица, како пешкири, чаршави, облека, или спортска опрема.

Посебно ранливи пациенти како дијабетичари, пациенти корисници на парентерална терапија и срцево болните, треба да се преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да избегнат можност за инфицирање со S. aureus. Претпазливите мерки се често миење на рацете со сапун и често туширање или капење.

S. aureus е причинител на хронични инфекции со создавање на биофилмови на медицински импланти.

Откако симптомите на инфекции со S. aureus ќе се појават, домаќинот е заразен околу две недели, а целокупната болест трае неколку недели. Нелечена, болеста може да биде смртоносна.

Длабокопродирачките инфекции можат да бидат мошне сериозни.

Инфекции на кожата Најчести инфекции со S. aureus се инфекциите на кожата. Можат да се манифестираат како: фоликулит, импетиго, целулит, фурункули, карбункули, апсцеси и други тешки инвазивни мекоткивни инфекции.

Предиспонирани лица кон овие инфекции се тие кои веќе имаат некое нарушување на кожата, како на пр. атопичен дерматит. Присуството на S. aureus кај лица со атопичен дерматитис не е секогаш индикација за третман со орални антибиотици и најчесто лечењето започнува со зајакнување на кожната бариера. Кај новороденчиња, стафилококните инфекции можат да доведат до тешко заболување наречено стафилококен ексфолијативен дерматит (SSSS).

Труење со храна S. aureus е исто така одговорен за труења со храна. Бактериите се способни за лачење на токсини кои предизвикуваат труење со храна. Периодот на инкубација трае од еден до шест часа,"Staphylococcus." Foodsafety.gov, U.S. Department of Health and Human Services, https://www.foodsafety.gov/poisoning/causes/bacteriaviruses/staphylococcus/. а болеста може да трае од триесет минути до три дена."Staphylococcal Food Poisoning." Food Safety, Centers for Disease Control and Prevention, 4 Oct. 2016, https://www.cdc.gov/foodsafety/diseases/staphylococcal.html. Превентивните мерки кои треба да се преземат за да се спречи ширењето на болеста вклучуваат миење на рацете со сапун и вода пред подготовка на храната. Лицата кои работат на подготовка на храна, ако се клицоносители или болни со стафилококна инфекција, треба да носат ракавици доколку имаат отворени рани на рацете или на зглобовите. Доколку храната се чува подолго од 2 часа пред употреба, тоа да се прави на температура над 60°С или под 4°С.

Инфекции на коските и зглобовите S. aureus е бактеријата што најчесто е одговорна за сите поголеми коскени и зглобни инфекции. Овие инфекции се јавуваат во форма на: остеомиелит, септички артритис или инфекции при ортопедски интервенции.

Бактериемија S. aureus е водечка причина за бактериемија во индустријализираните земји. Инфекцијата е поврзана со продор низ кожата и мукозните мембрани при повреди, операции или употреба на интраваскуларни апликатори како што се катетери, при хемодијализа или парентерална терапија. Навлегувањето на бактериите во крвотокот може да доведе до инфективен ендокардит, септички артритис, остеомиелит и сепса. Бактериемијата е најчеста и најтешка кај многу млада и многу стара популација.

Стапката на морталитет од бактериемија со S. aureus, доколку не е третирана со антибиотици, е исклучително висока и изнесува околу 80%. Со антибиотски третман, стапката на морталитет изнесува 15% - 50% во зависност од возраста и здравјето на пациентот, како и на антибиотската резистенција на бактеријата.

Биофилмови S. aureus често може да се најде во биофилмови формирани на медицински уреди имплантирани во телото. Често се среќава заедно со Candida albicans во биофилмовите. Се смета дека Candida albicans му овозможува на S. aureus да навлезе во човековото ткиво. Во вакви случаи стапката на морталитет расте.

Инфекции кај животните S. aureus се среќава кај кучињата, мачките, коњите, и може да предизвика болест на нозе кај птици и глодачи. Некои сметаат дека кучињата на здравствените работници треба да се сметаат за значаен извор на антибиотски-резистентни S. aureus, особено во време на епидемија.

S. aureus е еден од причинителите на маститис кај млечните крави. Бактеријата се штити од имунолошкиот систем на кравата со создавање на големи полисахаридни капсули.

Фактори на вирулентност

Ензими S. aureus произведува повеќе ензими: коагулаза (врзана и слободна коагулаза) ја коагулира плазмата, ја прекрива бактериската клетка, веројатно за да се спречи фагоцитоза; хијалуронидаза (позната и како фактор на ширење) ја разградува хијалуронската киселина и помага во ширењето на бактеријата; деоксирибонуклеаза (ДНКаза) ги разградува ДНК молекулите; липаза, ги разградува липидите; стафилокиназа, го раскинува фибринот и помага во ширењето; бета-лактамаза, ензим одговорен за резистентност кон бета-лактамски антибиотици.Medical Laboratory Manual For Tropical Countries vol two

Токсини Во зависност од сојот, S. aureus е способен за секреција на неколку егзотоксини, кои може да се категоризираат во три групи. Многу од овие токсини се поврзани со специфични болести.

Суперантигени Антигените познати како суперантигени можат да предизвикаат токсичен шок-синдром (TSS). Во оваа група спаѓаат токсините TSST-1 и ентеротоксин тип Б, кои се причинители на TSS поврзан со употреба на тампони. Токсичниот шок-синдром се одликува со треска, еритематозен осип, лупење на кожата, пад на крвниот притисок, шокова состојба и дисфункција на повеќе органи. Недостатокот на антитела за TSST-1 игра улога во патогенезата на TSS. Други видови на S. aureus може да продуцираат ентеротоксин, кој е предизвикувачки агенс на еден вид на гастроентеритис. Оваа форма на гастроентеритис е самолимитирачка, се одликува со повраќање и дијареја еден до шест часа по ингестија на токсинот, по што закрепнувањето настапува за осум до 24 часа. Симптомите вклучуваат гадење, повраќање, дијареја, и болки во стомакот.

Ексфолијативни токсини Ексфолијативниот токсин е егзотоксин и е причина за стафилококен ексфолијативен дерматит (SSSS), кој најчесто се јавува кај доенчиња и мали деца. Во облик на ограничена епидемија може да се јави во хоспитални услови во неонатолошки одделенија. Протеазната активност на ексфолијативниот токсин предизвикува лупење (ексфолијација) на кожата типична за SSSS.

Други токсини Стафилококни токсини кои делуваат на клеточните мембрани се: алфа токсин, бета токсин, делта токсин, и неколку двокомпонентни токсини. Соеви на S. aureus можат да биде носители на бактериофаги, како што е профага Φ-PVL која го продуцира цитотоксинот Panton-Valentine leukocidin (PVL), кој ја зголемува вирулентноста. Двокомпонентниот токсин PVL е асоциран со тешка некротизирачка пневмонија кај деца. As PDF Гените кои ги кодираат компонентите на PVL потекнуваат од бактериофагот кој е застапен кај MRSA соевите.

Мали РНК молекули