Брзо лизгање е натпреварувачка форма на лизгање на мраз во која натпреварувачите се тркаат едни со други на одредена далечина на лизгалки. Оваа дисциплина се изведува на претходно подготвена замрзната кружна патека. Притоа, победник е натпреварувачот кој патеката ќе ја помине во најкраток временски период.Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 109.
Видови на брзото лизгање се: брзо лизгање на кратки патеки, брзо лизгање на долги патеки, и маратонско брзо лизгање. На Олимписките игри, брзото лизгање на долги патеки вообичаено се нарекува „брзо лизгање“, додека брзото лизгање на кратки патеки е познато како „кратка патека“.NBC's Olympics coverage
Наводи
Категорија:Поединечни спортови Категорија:Брзо лизгање Категорија:Холандски пронајдоци