Всеволод Свјатославич - бил руски средновековен владетел, кнез на Трубецк и Курск.

Животопис Всеволод му бил син на Свјатослав Олегович (умрел во 1164 година), кнез на Чернигов. Заедно со брат му Игор, Всеволод учествувал во походот против Половците во кој бил заробен. Тој е опеан во поемата „Слово за походот Игорев“ каде се слави како храбар воин. Исто така, во летописите се опишува како правдољубив човек, примерен маж, голем јунак и како најдобар меѓу Олеговичите. Кнезот Всеволод бил оженет со Олга Глебовна, ќерка на кнезот Глеб Јурјевич. Во 12 век, градот Трубецк, со кој владеел Всеволод, се наоѓал во рамките на Северското кнежевство.„Коментари“, во: Слово за походор Игорев. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 52 и 56.

Наводи

Категорија:Руски средновековни владетели Категорија:Родени во непозната година Категорија:Починати во 1196 година