мини|Фотографија од Бела врба Бела врба (Salix alba) — листопадно дрво од семејството на врбите (Salicaceae).
Опис Белата врба е листопадно дрво, високо до 30 м со широка крошна. Кората е кафеавосива, избраздена. Врвовите на гранките се свиени надолу. Листовите се ланцетасти со заострени врвови и тесно клинасто стеснети во кратка дршка. Лицето на лиската е темнозелено и мазно, опачината е бела со ситни полегнати влакна. Дводомо растение е. Машките и женските цветови се со пупки, реси. Машките цветови се со по два прашника; а кон основата со две нектарии. Во женскиот цвет се толчникот, а подоцна плодот скоро седи. Плодот е чаура со многу ситно семе. Цвета од март до јуни
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Врба Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Европа Категорија:Украсни дрва Категорија:Флора на Македонија