Прва косовско-метохиска ударна бригада — бригада на НОБ во Македонија, а подоцна и со дејствија во Косово и Метохија. Бригата е основана на 24 јуни 1944 година во селот Збажди, Струшко.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​82-84

Основање Оваа бригада е основана како директен резултат на обидите за реорганизација на македонските воени единици на НОБ. Бригата е основана по директна наредба на Светозар Вукмановиќ - Темпо. Бригадата е основана во село Збажди, Струшко. До 8 јули оваа бригада броела 260 борци.

Структура Во составот на бригадата влегле Првиот и Вториот косовско-метохиски баталјон, една словенечка чета и околу 50 црвеноармејци од составот на Првата македонско-косовска ударна бригада. Бригата била под директна команда на Генералштабот на НОВ.

Од 24 јуни 1944 командант на бригадата бил Петар Брајовиќ - Ѓуро, а од 16 септември командант бил Зуфер Мусиќ, кој пак бил заменик-командант од 24 јуни 1944 до негото поставување на командант.

Политички комесар на бригадата бил Митар Радусиновиќ, кој бил назначен на таа функција на 24 јуни, а негов заменик бил Савка Ковачевиќ. Началник на штабот бил Павле Брајовиќ, а член на штабот бил Вуко Турковиќ.

Дејствија Првично бригадата била под директна команда на ГШ на НОВ, а подоцна била под команда на Покраинскиот штаб на Косово и Метохија. На крај била под команда на 52 дивизија на НОВЈ.

Бригадата учествувала во борбите за Дебар на 9 јули 1944, борбите за Пешкопеја во Албанија на 9 август, Македонски Брод на 6 септември, борбите за ослободување на Косово и Метохија. На 3 октомври 1944 била ставена под команда на покраинскиот штаб на Космет.

Наводи

Поврзано НОВ

Категорија:Бригади на НОВМ