Ќамуран Шакиров (, – , ) ― македонски бранител од ромска народност, резервист во АРМ и учесник во Воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во несреќен случај на стража кај скопското село Рашче на 21 август 2001 година.

Животопис Живот, војната 2001 и сведоштва

Ќамуран Шакиров е роден во 1961 година во Велес и потекнува од ромско семејство. Кога започна воениот конфликт 2001 година беше дел од „Велешката бригада“, која во текот на седумте месеци воени операции беше распоредена на Матка, Рашче, Танушевци, Карпалак, Кучково, Слупчане и Ваксинце. Шакиров посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија. Неговото име е испишано на бронзената плоча на споменикот на бранителите во средиштето на Скопје. Шакиров е еден од шестемина велешки бранители кои го положиле својот живот во територијалниот суверенитет и интегритет на Република Македонија.

Наводи

Категорија:Македонски бранители Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски Роми