Гевгелиски амам — еден од најзачуваните објекти од отоманската архитектура во Гевгелија. Амамот е изграден во почетокот на век. Амамот конечно бил обновен во 2013 година при што бил зачуван оригиналниот изглед со две куполи - една мала и една голема. Објектот сега служи како ликовна галерија во склоп на Народниот музеј од Гевгелија. Амамот е прогласен за споменик на културата на Македонија.
Историја
лево|300п|мини|Поглед на старата состојба на Гевгелискиот амам пред неговото обновување во 2013 година
Бил прогласен за културно наследство на Македонија со решение од 31 декември 2003 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.
Конзервација
Поради лошата состојба, идејата за реконструкција и оживување на оваа градба, била присутна повеќе децении, помеѓу пошироката културна јавност во Гевгелија. Со изработката на главниот проект во 1993 година, а подоцна и анексот на главниот проект од страна на Мирјана Димовска-Чоловиќ, бил создаден патот за реализација на овој проект.
Во недостаток на други извори на финансирање на проектот, во 2004/05 година, по воспоставување на контактот со градоначалникот на Општина К’рач (денес Есенјурт) во Истанбул (Турција), Хамит Ончу, дошло до преговори за финансирање на овој проект од нивна страна. Кон реализацијата на проектот се вклучила и локалната самоуправа на Општина Гевгелија. Кон крајот на 2006 година, градежните работи на самиот објект и анексот биле завршени. Недостатокот на материјални средства за поставување на метална (бакарна) оплата врз куполите на амамот, се реализирале нешто подоцна, во текот на 2011/12 година, кога повторно Општина Гевгелија обезбедила средства за завршеток на овој проект. Така, по реновирањето амамот станал ликовна галерија во рамките на Музејот во Гевгелија.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Гевгелија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Отомански амами во Македонија Амам Категорија:Ликовни галерии во Македонија Амам Амам