Востание на Ивајло (бугарски: Въстание на Ивайло) — побуна на бугарскиот селанец Ивајло против неспособното владеење на царот Константин Асен и бугарските благородници. Револтот бил поттикнат главно од неуспехот на централните власти да се соочат со монголската закана во североисточна Бугарија. Монголите со години ги ограбувале и ја пустошиле бугарската популација, особено во регионот на Добруџа. Слабоста на државните институции била резултат на процесот на забрзување на феудализацијата на Бугарското Царство.

Водачот на востанието Ивајло, кој бил свињар според современите византиски хроничари, се покажал како успешен. Во првите месеци од бунтот тој ги поразил монголските и царските војски, и лично го убил Константин Асен во битка. Подоцна, тој направил триумфален влез во главниот град Трново, се оженил за Марија, вдовицата на царот, и ги принудил благородниците да го признаат како Цар на Бугарија.

Византискиот цар Михаил VIII Палеолог се обидел да ја искористи оваа ситуација во негова корист и интервенирал во Бугарија. Тој го испратил Иван Асен III, син на поранешниот цар Мицо Асен, за да го освои бугарскиот престол на чело на голема византиска војска. Истовремено, Михаил VIII Палеолог ги поттикнал монголските сили да нападнат од север, принудувајќи го на Ивајло да се бори на два фронта. Ивајло бил поразен од монголските сили и бил ставен под опсада во важната тврдина Драстар. Во негово отсуство, благородниците во Трново ги отвориле портите на Иван Асен III. Сепак, Ивајло успеал да ја скрши опсадата, а Иван Асен III побегнал во Византија. Михаил VIII Палеолог испратил две големи армии но и дветере армии биле поразени на Стара Планина.

Во меѓувреме, благородништвото во главниот град го прогласил Георги I Тертер за нов цар. Опкружен со непријатели и со намалена поддршка поради постојаните војни, Ивајло побегнал кај монголскиот воен водач Ногај Кан да побара помош, но на крајот бил убиен.

Заднина Политичка состојба на Бугарија

По смртта на Иван Асен II (р. 1218-1241), големото Бугарско Царство започнало да опаѓа како резултат на неуспешните наследници и на внатрешните борби меѓу благородништвото. На север, земјата се соочила со константни монголски инвазии по 1240-тите години. Иако Иван Асен II ги поразил монголските сили непосредно пред неговата смрт, регентите на Калиман I Асен (р. 1241-1246) се согласиле да им оддадат почит на Монголците за да се избегне уништување. Монголската инвазија довела до колапс на лабаво одржаната конфедерација на Куманија во западниот дел од Евроазиската Степа и основата на монголската Златна Орда. Ова имало долгорочни политички и стратешки последици за Бугарија - Куманите биле бугарски сојузници и честопати ја снабдувале бугарската војска со помошна коњаница, додека Златната Орда се покажала како непријателски ентитет. На југ, Бугарија изгубила големи делови од Тракија и Македонија од Никејското Царство, кое побегнало од првичните монголски напади. Земјите на северозапад, вклучувајќи ги Белград, Браничево и Северен Банат, биле освоени од Кралство Унгарија.

Во 1256 година во Бугарија започнала граѓанска војна помеѓу Мицо Асен (р. 1256-1257), роднина на Иван Асен II, кој имал седиште во југоисточна Бугарија и болјарот од Скопје Константин Асен (р. 1257-1277) кој бил прогласен за цар од страна на благородништвото во Трново. Истовремено, унгарскиот благородник со руско кралско потекло Ростислав Михајлович се утврдил во Видин како друг барател на титулата цар на Бугарија и бил признаен како таков од страна на Кралство Унгарија. До 1261 година Константин Асен излегол како победник, но неговото 20-годишно владеење не донело стабилност во Бугарија. Видин останал одвоен од централните власти во Трново, Монголците редовно спроведувале кампањи во североисточна Бугарија, ограбувајќи ги селата и парализирајќи ја економијата. Истата година, Михаил VIII Палеолог (р. 1259-1282) го освоил Цариград и ја обновил Византија како главен противник на Бугарија на југ. Во 1260-тите, Константин Асен си ја скршил ногата во ловечки инцидент и останал парализиран од половината надолу. Поради ова, неговата контрола врз управувањето се намалила и тој паднал под влијание на неговата втора сопруга Ирина Ласкарина Асенина, која постојано била вмешана во интриги со своите роднини во византискиот суд. Подоцна, тој ги препуштил државните работи на својата трета сопруга, Марија Палеологина Кантакузина.

Внатрешна состојба и подем на Ивајло

Внатрешниот политички развој и феудализација на Бугарија во 13 век резултирало со растечки број на слуги, како и зголемување на моќта на благородништвото. Ова, од своја страна, довело до аспирации за поголема самоуправа меѓу највлијателните благородници. Многу од нив формирале полунезависни федерации кои номинално го признавале царот во Трново и значително го намалиле капацитетот на централните власти за справување со надворешните закани. Во втората половина на 13 век, селанството ги изгубило личните привилегии во корист на секуларните и религиозните феудалци, што пак го намалило приходот и можностите на селаните, и ги влошило нивните животи. Паралелно, неспособноста на Константин Асен да ги прекине константните монголски напади во североисточниот дел на земјата ги разурнало столбовите на државните институции во Добруџа и придонело за избувнувањето на востанието и неговиот брз успех. Монголските напади биле на чело со Ногај Кан, кој бил помоќен од легитимниот владетел на Златната Орда, Менгу-Тимур (р. 1266-1280) и владеел над степите на модерната Молдавија и Украина.

Во оваа ситуација, Ивајло, роден во североисточна Бугарија, најверојатно во областа во близина на денешниот град Провадија, започнал да го поттикнува населението на бунт. Тој бил идентификуван од страна на современите византиски хроничари под името Бардоква (зелена салата) или Лакханас (зеленчук), а неговото вистинско име е познато само од белешка во прилог на Евангелието на Сврлиг. Византискиот историчар Георги Пахимер напишал дека тој одгледувал свињи за пари"De Michaele et Andronico Paleologis by George Pachymeres" in GIBI, vol. X, Bulgarian Academy of Sciences, Sofia, p. 171. Сепак, историчарот Џон Ван Антверп Фајн забележува дека свињите биле главен сточарски производ во тоа време, а сопственикот на големо стадо би можел да биде дел од елитата на локалната заедница. Ивајло тврдел дека имал визии од Бога да ги води луѓето и дека бил во контакт со небото и со светците. Всушност, неговиот мистицизам намерно се користел за брзо да се добие поддршка и следбеници меѓу верските селани. Многу Бугари го виделе како спасител пуштен од Бог.

Причини Првични победи

Побуната пропаднала пролетта или летото на 1277 година во североисточна Бугарија, каде што уништувањето на Монголците било најсилно. Во летото 1277 година Ивајло се соочил и ја победил монголската единица. Друга победа следела наскоро и до есента сите монголски сили биле протерани од бугарска територија. Со постигнуваoето на ова, неговата популарност и репутација брзо се зголемиле. Меѓу неговите следбеници биле сè поголем број благородници кои биле незадоволни од интригите на царицата Марија. Ивајло бил признаен како цар од народот, а многу региони биле под негова контрола.

Тек на востанието

На крајот на 1277 Константин Асен конечно презеел мерки за да се соочи со бунтовниците. Тој собрал мала војска и напредувал бавно бидејќи морал да патува со кола поради неговата повреда. Ивајло ја нападнал и ја поразил оваа сила, убивајќи многу блиски соработници на царот, додека останатиот дел од армијата им се придружил на бунтовниците. Ивајло лично го убил Константин Асен, тврдејќи дека царот не сторил ништо за да ја задржи својата чест во битката. По триумфот, Ивајло почнал да ги освојува заштитените градови во земјата, кои се предале и го признале како цар еден по еден. До пролетта 1278 година само главниот град Трново останал под контрола на царицата Марија.

Византиска интервенција и признавање на Ивајло

Во меѓувреме, византискиот цар Михаил VIII Палеолог го напуштил Цариград и заминал за Адријанопол, сместен близу до византиско-бугарската граница, со цел да ги следи настаните и да ја искористи ситуацијата во Бугарија во негова корист. Убиваето на Константин Асен дошло како шок за Византијците. Првично, Михаил VIII сметал да ја ожени својата ќерка со Ивајло, но на крајот одлучил дека би било поповолно да се инсталира сопствени заштитници. Негов кандидат бил Иван, син на поранешниот цар Мицо Асен, кој побарал азил во Византија и поседувал имоти во Мала Азија. Иван веднаш се оженил со ќерката на Михаил VIII, Ирина, ветил верност кон Михаил VIII и бил прогласен за цар на Бугарија како Иван Асен III. Византијците испратиле подароци на бугарските благородници за да ги поттикнат да го поддржат Иван Асен III, а пратениците биле испратени во Трново за да го организираат неговото признавање и предавање на царицата Марија. Во меѓувреме, Иван Асен III марширал на север на чело на византиската војска, додека Ивајло ја опседнал престолнината Трново..

Соочени со двајца противници, Марија првично се обидела да преговара со Михаил VIII наследникот односно за нејзиниот син Михаил Асен, но византискиот цар инсистирал на безусловно предавање. За изненадување на Византијците, Марија потоа влегла во преговори со Ивајло и му ја понудил својата рака и бугарската круна под услов да ги гарантира правата на Михаил Асен како негов единствен наследник. Современиот хроничар Георги Пахимер ја обвинил Марија за „игнорирање на моралната обврска кон нејзиниот покоен сопруг“"De Michaele et Andronico Paleologis by George Pachymeres" in GIBI, vol. X, Bulgarian Academy of Sciences, Sofia, p. 177, но всушност нејзината одлука била водена од нејзината омраза кон нејзиниот вујко Михаил VIII, кого го сметала за еретик. Отпрвин, Ивајло не сакал да го прифати предлогот, но на крајот прифатил „поради мирот и да се избегне крвопролевање во граѓанската војна“"De Michaele et Andronico Paleologis by George Pachymeres" in GIBI, vol. X, Bulgarian Academy of Sciences, Sofia, p. 178. . Сепак, Ивајло јасно ставил до знаење дека тој е оној што дава помилување, а не оној што го прима

Во пролетта 1278 година Ивајло влегол во Търново триумфално, се омажил за Марија и бил прогласен за цар на Бугарија. Сепак, бидејќи тој бил неискусен во државните работи, Ивајло не успеал да го консолидира својот авторитет над благородништвото во главниот град, кои биле загрижени за нивното влијание и често се расправале со Марија. Тој сѐ уште морал да се справи со огромните предизвици - византиските власти испратиле многу војници под команда на Михаил Глабас во поддршка на Иван Асен III и ги поттикнале монголите да нападнат од север, за да се отвори војна на два фронта. Сепак Ивајло енергично ги подготвил своите сили за да им се спротивстави на противниците и успеал да добие поддршка кај многубројните благородници.

Војни со Византија и Монголија