мини|275п|Таганрошкиот залив (бр. 15) на сателитска снимка на Азовското Море. мини|275п|Заливскиот брег со провлакот Белосарајска. Таганрошки Залив (, ) — североисточен продолжеток на Азовското Море кој може да се смета и за поплавен естуар на реката Дон.
Географија Заливот има улога на природна граница помеѓу кубањскиот брег од руска и северноазовското приморје од укранска страна. Државната граница во ова подрачје сè уште не е утврдена.
На североисточниот крај на заливот се наоѓа устието на реката Дон, широко и со средна длабочина од 5 м. Во постудените зими замрзнува од декември до март.
Во Таганрошкиот Залив се влеваат и реките Калмиус и Миус. Овој дотек на вода е главен чинител на тековниот развој во приморското подрачје.
Предели и места Устието изобилува со песокливи провлаци кои делумно го заградуваат, од кои позабележителни се Долгаја на југ и Белосарајска од север. Има и низа песочни островчиња. Поважни водотеци кои се влеваат во заливскиот слив се реките Дон, Калмиус, Миус и Јеја.
Најголеми пристанишни места се градовите Таганрог и Јејск во Русија и Мариупол во Украина. Неколку километри спротиводно по Дон лежи и градот Ростов на Дон.
Вода Заливот се одликува со интересна нерамномерност во соленоста на водата. Во источниот, најплиток дел од заливот водата е послатка поради дотурот на речна вода од Дон, а на запад таа е прилично посолена.
Поврзано Таганрог Донбас
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Заливи во Русија Категорија:Заливи во Украина Категорија:Азовско Море Категорија:Географија на Краснодарскиот крај Категорија:Географија на Ростовската област Категорија:Донски слив Категорија:Руско-украинска граница