Општина Цапари — поранешна општина во Југозападна Македонија, создадена во 1996 година, а престанала да постои согласно законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година на 12 април 2005 година, кога била припоена со Општина Битола. Локалното и поширокото население не било задоволно од ова припојување. Центар на општината било селото Цапари.
Населени места Во Општина Цапари спаѓале следниве села: Ротино, Српци, Рамна, Лера, Доленци, Ѓавато, Кажани, Маловиште, Стрежево, Свиниште, Метимир, Гопеш и Цапари.
Население Според последниот попис од 2002 година, Општина Цапари има 1.424 жители, од кои:
националност број Македонци 1.011 Турци 2 Албанци 318 Власи 87 Срби 1 Бошњаци 1 останати 4
Наводи
Поврзано
Општини во Македонија Општина Битола Цапари
Цапари